Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Храбриот полицаец од Тетово кој спречи самоубиство на млада девојка ќе биде награден
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
(Видео) Протест во Штип поради одземање возила: запален оган и тензии со полицијата
МВР
(Видео) „Ми земаа кола 700 евра! Да ми се врати оти со пет деца во шупа живеам“, протест на патот Битола-Охрид оти сакаат да возат без возачки
МВР
(Видео) Камион излета од патот Битола-Прилеп
МВР
Управувал возило со 2.09 промили алкохол во крвта
МВР
Лишени од слобода двајца возачи од Скопје и Куманово, возеле без положен возачки испит – возилата одземени
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Храбриот полицаец од Тетово кој спречи самоубиство на млада девојка ќе биде награден

Претрес.мк
Последни промени 24/07/2025
Претрес.мк
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го прими полицискиот службеник Беким Исмани од СВР Тетово, кој вчера со присебност и храброст спречи млада девојка да изврши самоубиство, ризикувајќи го сопствениот живот при интервенцијата.

Настанот се случи вчера во Тетово, кога полициски службеници реагирале навремено на дојава за девојка во психолошка криза, која се обидувала да си го одземе животот. Во моментот на интервенцијата, полицаецот Исмани бил повреден од нож кој девојката го држела во рака, но успеал да ја спречи трагедијата и да ја спаси.

„Станува збор за млада девојка, жртва на тешка животна ситуација и психолошка криза. Благодарение на навремената и решителна интервенција на нашите полициски службеници од СВР Тетово, таа денеска е жива и надвор од опасност. Ова не е само службено постапување, ова е чин на пожртвуваност, хуманост и длабока посветеност на мисијата да се заштити секој човечки живот“, изјави министерот Тошковски.

Тој најави дека во рамки на законските можности ќе го награди полицаецот Беким Исмани како признание за неговата храброст, професионализам и несебично постапување.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

(Видео) Протест во Штип поради одземање возила: запален оган и тензии со полицијата
(Видео) „Ми земаа кола 700 евра! Да ми се врати оти со пет деца во шупа живеам“, протест на патот Битола-Охрид оти сакаат да возат без возачки
(Видео) Камион излета од патот Битола-Прилеп
Управувал возило со 2.09 промили алкохол во крвта
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад