Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Трошел за хотели, ресторани, патувања, такси, рента кар…Обвинителството поднесе обвинение против Ване Цветанов
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Спроведена вежба за справување со пожар во Охридското Езеро
МВР
Притвор за тетовец кој бил макро на 23-годишната Косовка, која сакаше да се самоубие скокајќи од неговито мотел
 Предмети
Вооружен инцидент на охридското крајбрежје – маж од Скопје со нож нападнал двајца вработени во хотел
МВР
Запленета дрога и лишени од слобода 12 лица кај Гевгелија
МВР
Брутално претепале човек за лубеници – се бара притвор за две лица
 Предмети
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
 Предмети

Трошел за хотели, ресторани, патувања, такси, рента кар…Обвинителството поднесе обвинение против Ване Цветанов

Претрес.мк
Последни промени 23/07/2025
Претрес.мк
Сподели

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен предлог против Ване Цветанов, поранешен вршител на должност претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Северна Македонија. Според Обвинителството, тој со неизвршување и пречекорување на службени овластувања набавувал стоки и услуги за лични цели, ангажирал блиски лица без одлуки од Советот и склучувал договори кои резултирале со штета врз буџетот на институцијата.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе Обвинителен предлог против едно лице на кое му се става на товар дека сторило кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување по чл.353 ст.5 вв ст.1 од Кривичен законик.

Според обвинението, во периодот од 2021 година до 15 март 2022 година, обвинетиот, во својство на вршител на должност Претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Северна Македонија (СУНРСМ), со неизвршување и пречекорување на службени овластувања, постапувал спротивно на повеќе законски прописи и со тоа прибавил противправна имотна корист за себе и други лица, нанесувајќи притоа значителна штета на буџетот на институцијата.

Иако бил свесен дека не се спроведени потребните постапки согласно Законот за јавни набавки, обвинетиот незаконски набавувал стоки и услуги од економски оператори, што главно ги користел за лични цели. Притоа се потрошени:
– 1.062.963 денари за ресторански услуги, хотелско сместување во Скопје, безалкохолни пијалаци, кафе, тоалетни производи и сл.
– 300.350 денари за конференциски услуги што не биле реализирани, но се исплатени.
– 317.859 денари за такси и изнајмување на возила.
– 741.649 денари за хотелски и туристички услуги во земјава и странство (вклучувајќи пенали за откажување и промени на патување).

Иако Советот како институција немал потреба од ангажирање на надворешно правно лице за обука од областа на менаџирање со работни процеси во институцијата, ниту пак обвинетиот имал потреба да поседува сертификат каков што издавало правното лице, за ваков вид на обуки на правното лице му биле исплатени 295.000 денари.

Со пречекорување на границите на своето службено овластување постапил спротивно на Законот за спречување на корупција и судир на интереси, спротивно на одредбите од Статутот на Советот и од Законот за ревизија. Обвинетиот без претходно донесена одлука на Советот на СУНРСМ за потреба од ангажирање на надворешно лице, без предвиден надомест за ангажирање како надворешен советник за специјални цели во Советот склучил последователно три договори со својата невенчана сопруга.

Врз основа на склучените договори обвинетиот носел решенија за службени патувања во странство каде трошоците за патувањето и сместувањето биле на товар на СУНР, а трошоците за исхрана биле покриени преку утврдени дневници за кои тој носел одлуки за нивна исплата. На овој начин само по основ на исплата на дневници и патни трошоци обвинетиот го оштетил буџетот на Советот за 93.800 денари.

Со пречекорување на границите на своето службено овластување постапил спротивно на одредбите од Законот за ревизија, Статутот на СУНР и Законот за трансформација во редовен работен однос. Обвинетиот без претходно донесена одлука на седница на Советот за потреба од ангажирање на надворешни лица склучил 18 договори за ангажирање на физички лица при што од буџетот на институцијата биле исплатени 1.934.237 денари.

Овие средства биле исплатени за: авторски дела – пишан материјал и совети од областа на управување со човечки ресурси; од областа на јавните набавки; за изработка на детална техничка спецификација за набавка на опрема од сегмент на информатички технологии; за пружање професионална поддршка на Комисијата за техничка евалуација на пристигнати понуди за јавна набавка на опрема; интелектуални услуги со утврдени обврски на авторот за промовирање на СУНР пред домашна и меѓународна јавност; консултант за Анти-корупциски практики; Консултант за пронаоѓање/посредување на партнери, инволвирање на институции и експерти од Р.Грција, како посредување помеѓу Министерство за финансии на Р.Грција, Регулаторно тело за комерцијална ревизија на Р.Грција, Стопанска комора на Р.Грција и останати светски институции; изработка на проектно-техничка документација за реконструкција на службени простории во СУНР; Консултант за изготвување на Завршна сметка; ангажман на извршител на спроведување на соодветен пристап при изработка на Завршна сметка и други финансиски обврски, како и логистичка поддршка при работни средби и семинари во организацијата на нарачателот, а за превизори ментори од Р.Бугарија, активности во Скопје и Штип, за месечен надомест во износ од 54.000,00 денари; волонтирање за месечен надомест во износ од 36.000 денари; Развој и истражување врз база на спроведување на ескспресна анализа на специјализирани тематски прашања поврзани со имплементација на Законот за ревизија во информатичко технолошки можности.

Обвинетиот со пречекорување на границите на своето службено постапување, спротивно на Статутот на Советот и на Законот за ревизија без претходно донесена одлука на одржана седница на Советот и без склучен договор ангажирал правно лице за инсталирање Апликативен софтвер за основни средства и Апликативен софтвер за финансиско книжење, иако Советот веќе имал склучено договор со друго правно лице за годишно одржување на Апликативен модел за 2022 година и Модул за финансиско сметководство.

Можеби ќе ти се допадне

Притвор за тетовец кој бил макро на 23-годишната Косовка, која сакаше да се самоубие скокајќи од неговито мотел

Брутално претепале човек за лубеници – се бара притвор за две лица

Скопјанец кој има 23 години фатен со пиштол и 51 куршум – обвинителството бара притвор

Обвинение за насилство врз Арсовска – притвор за напаѓачот, ослободен второпријавениот

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Спроведена вежба за справување со пожар во Охридското Езеро
Притвор за тетовец кој бил макро на 23-годишната Косовка, која сакаше да се самоубие скокајќи од неговито мотел
Вооружен инцидент на охридското крајбрежје – маж од Скопје со нож нападнал двајца вработени во хотел
Запленета дрога и лишени од слобода 12 лица кај Гевгелија
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад