Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Отстранет од сообраќај, пренесен во болница, по што е лишен од слобода скопјанец кој пијан возел на патот Охрид-Кичево
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
(Видео) Бегалецот од кочанската полициска станица остана без луксузните возила и станот
МВР
Лекарите откриваат кои секојдневни предмети кријат најмногу бактерии
 Предмети
Во туѓо име земале брзи кредити од над 10,8 милиони денари, уапсени две кумановки
МВР
Барал пари од дедо му, откако не ги добил го претепал – кривична за 20-годишен кочанец
МВР
Со месеци праќала пари за „болно дете“ – прилепчанка измамена преку социјални мрежи за 700.000 денари
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Отстранет од сообраќај, пренесен во болница, по што е лишен од слобода скопјанец кој пијан возел на патот Охрид-Кичево

Претрес.мк
Последни промени 18/07/2025
Претрес.мк
Сподели

Денеска (18.07.2025) околу 14 часот на патот Охрид-Кичево полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.К.(48) од Скопје, затоа што управувал патничко моторно возило “тојота” со скопски регистарски ознаки, под дејство на алкохол.

Имено, по претходно добиена пријава на телефонскиот број 112 дека едно возило се движи неконтролирано по патот, преземени се соодветни мерки од страна на полициските службеници и возилото е запрено, а со тоа спречена е евентуална сообраќајна незгода која би можела да има тешки последици.

Притоа, било утврдено дека возачот е во полусвесна состојба и веднаш со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Кичево.
Откако му била пружена лекарска помош и неговата здравствена состојба значително била подобрена, извршено е алкотестирање, при што било утврдено дека имал 3,15 промили алкохол во крвта, при што лицето било лишено од слобода.

По целосно документирање на случајот, против Б.К. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик “безобѕирно управување со моторно возило”.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

(Видео) Бегалецот од кочанската полициска станица остана без луксузните возила и станот
Лекарите откриваат кои секојдневни предмети кријат најмногу бактерии
Во туѓо име земале брзи кредити од над 10,8 милиони денари, уапсени две кумановки
Барал пари од дедо му, откако не ги добил го претепал – кривична за 20-годишен кочанец
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад