Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Лажен полицаец ѝ зел 900 евра – пензионерка од Скопје фрлила пари од тераса поради лажна приказна за несреќа
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Претрес во велешко: Пронајдени повеќе видови дрога и дигитална вага, приведен 54-годишник
МВР
Две лица уапсени во Тетово, кај нив пронајдени марихуана и хероин
МВР
Склучил три договори без соодветна постапка, кривична пријава за поранешен директор на „Ѓуриште“
МВР
„Фокус на патот“: Засилени полициски контроли за користење мобилни телефони во сообраќајот
МВР
МВР за шест часа казни 628 возачи за пребрзо возење низ цела Македонија
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Лажен полицаец ѝ зел 900 евра – пензионерка од Скопје фрлила пари од тераса поради лажна приказна за несреќа

Претрес.мк
Последни промени 18/07/2025
Претрес.мк
Сподели

Осумдесетгодишна жена од Скопје пријавила во полиција дека била измамена од лице кое ѝ се претставило како полициски службеник, потврдија од Министерството за внатрешни работи.

Според пријавата поднесена на 17 јули во СВР Скопје, инцидентот се случил еден ден претходно, кога непознат маж ѝ се јавил на телефон и ѝ кажал дека нејзината внука наводно прегазила дете кое починало, и дека ќе оди во затвор ако не се „среди“ случајот.

Исплашена и под стрес, жената подлегнала на измамата и, по упатства од лицето, фрлила околу 900 евра од терасата. Подоцна, сфатила дека е измамена и го пријавила случајот.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и апелираат до граѓаните, особено постарите, да не наседнуваат на вакви телефонски повици и да се консултираат со блиските или веднаш да се јават во полиција.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Претрес во велешко: Пронајдени повеќе видови дрога и дигитална вага, приведен 54-годишник
Две лица уапсени во Тетово, кај нив пронајдени марихуана и хероин
Склучил три договори без соодветна постапка, кривична пријава за поранешен директор на „Ѓуриште“
„Фокус на патот“: Засилени полициски контроли за користење мобилни телефони во сообраќајот
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад