Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Тошковски: Опозицијата манипулира – нема да има началници без стаж, туку јасни критериуми и тестови за унапредување во МВР
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Тошковски: Опозицијата манипулира – нема да има началници без стаж, туку јасни критериуми и тестови за унапредување во МВР
МВР
Пожар во стар објект на училиште во Ракотинци – повреден пожарникар
МВР
Докторка уапсена со поткуп од 100 евра во болница во Битола
 Предмети
За само три дена направени се скоро 2500 сообраќајни прекршоци – брзо возење, погрешно паркирање, користење мобилен…
МВР
(ВО ЖИВО) Тони Михајловски: На Груевски до глужд не му се другите политичари, Стојанче е кловн, а Љупчо Георгиевски е катастрофа
Претрес
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Тошковски: Опозицијата манипулира – нема да има началници без стаж, туку јасни критериуми и тестови за унапредување во МВР

Претрес.мк
Последни промени 17/07/2025
Претрес.мк
Сподели

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, ја отфрли критиката на опозицијата во врска со предложените измени на Законот за полиција, нарекувајќи ги „лажни тврдења и политички инсинуации“.

„Станува збор за тенденциозно извртување на фактите со цел политичко профитирање и свесно ширење дезинформации“, изјави Тошковски.

Според него, новиот предлог-закон не само што не дозволува политички унапредувања, туку воведува построги, јасно дефинирани и објективни правила за кариера и селекција во МВР.

Министерот демантира дека со измените е возможно лице без работен стаж да биде назначено за началник.

„Член 63 јасно предвидува дека лице без стаж може да биде вработено само како ‘помлад извршител’. Исто важи и за оние со стаж, но не во стручната област – само најниска позиција. Досега вакви ограничувања немаше.“

Според новиот систем, постојат само пет извршни позиции, а преминувањето кон повисока е строго ограничено – најмногу две скалила нагоре, што е поограничувачки од сегашниот закон.

Клучна новина е што секој што сака да напредува во раководна функција, ќе мора задолжително да положи тест за раководење, пропишан во член 104.

„Тестот е елиминаторен. Се унапредува само оној што има капацитет, а не врски“, нагласи Тошковски.

Дополнително, во систематизацијата е вграден принцип на градација, според кој секое повисоко место бара соодветно искуство. Без исполнети критериуми, нема унапредување.

Во однос на директорската позиција во Бирото за јавна безбедност, тој вели дека се предвидува строг услов: кандидатот мора да има најмалку 12 години искуство во полицијата.

Новина е и воведувањето функција заменик-директор, која според Тошковски е системско решение за континуитет, а не дуплирање на овластувања.

„Во услови на зголемени безбедносни предизвици, мора да обезбедиме институционална стабилност. Оваа функција е нормална пракса во големи системи.“

Министерот ја повика опозицијата да престане со, како што рече, селективни и манипулативни толкувања на законските одредби.

„Закон не се чита со вадење еден член, туку во целина. Бараме одговорност и зрелост – безбедноста на државата не смее да се жртвува за дневно-политички поени.“

Можеби ќе ти се допадне

Пожар во стар објект на училиште во Ракотинци – повреден пожарникар

За само три дена направени се скоро 2500 сообраќајни прекршоци – брзо возење, погрешно паркирање, користење мобилен…

Малолетно девојче сексуално вознемирувано од сосед во Шуто Оризари

Мотоциклист загина во несреќа кај струмичкото село Штука

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Тошковски: Опозицијата манипулира – нема да има началници без стаж, туку јасни критериуми и тестови за унапредување во МВР
Пожар во стар објект на училиште во Ракотинци – повреден пожарникар
Докторка уапсена со поткуп од 100 евра во болница во Битола
За само три дена направени се скоро 2500 сообраќајни прекршоци – брзо возење, погрешно паркирање, користење мобилен…
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад