Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: За Јордан Ѓоргиев и Васил Јованов – притвори. За Љури кој го прегази Југо? Се чека одговор на жалбата, па ќе следува одлука
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Седум случаи на семејно насилство за едно деноноќие, три лица приведени
МВР
Две починати лица пронајдени во Скопје, наредени обдукции по налог на обвинител
МВР
Нападнат полицаец во Гази Баба, на скопјанец му упаднале дома и го удирале со пиштол: два инциденти во Скопје
МВР
Тешко повредена велосипедистка по судир со автомобил во Скопје
МВР
Инциденти во Центар, Карпош и Чаир: серија напади во текот на ноќта
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
 Предмети

За Јордан Ѓоргиев и Васил Јованов – притвори. За Љури кој го прегази Југо? Се чека одговор на жалбата, па ќе следува одлука

Претрес.мк
Последни промени 06/07/2025
Претрес.мк
Сподели

Жалбата на Обвинителството за куќниот притвор на Фатон Љури, осомничен за смртоносното прегазување на скопјанецот Југо, на пешачка патека, на кејот на Вардар, стигнала до Кривичниот суд. Со ова почнуваат роковите, таа да биде доставена до обвинетиот и неговиот адвокат, а потоа Кривичниот совет ќе постапува.

Законот за кривична постапка предвидува одговор на жалбата, судот да добие за 24 часа. Потоа, судиите носат одлука дали оваа мерка ќе опстане или ќе се одреди построга. Засега не е познато дали осомничениот барал укинување на мерката на претпазливост, односно да се брани од слобода.

Инаку, Љури, според обвинителите, бил возачот на мотоциклот. Го оставил повредениот другар и усмртениот пешак и избегал. До одлуката на Кривичен совет, јавноста остро реагира и прашува, како е можно, осомничен за прегазување на пешачка патека, кој немал ни возачка, а се дал во бегство и не укажал помош на сега усмртениот скопјанец – да добие куќен, наместо ефективен притвор.

Како споредба, се земаат два случаи. Па така, првиот е примерот каде возачот Јордан Ѓоргиев ја усмрти Викторија Николова кај „Сити мол“. Кај него, и покрај олеснителните околности што не избега, беше на лице место, имаше возачка дозвола и соработуваше со органите на прогонот, Кривичниот суд му одреди ефективен притвор и сѐ до пресудата беше во затворска ќелија.

Вториот случај е усмртувањето на Фросина Куланова. Возачот Васил Јованов, кој не избега, остана на местото на несреќата и соработуваше со органите на прогонот – доби ефективен притвор.

Непознато е кој судија одлучи да не ја уважи мерката ефективен притвор за  Фатон Љури. Особено, бидејќи по настанот избега, а беше најден и уапсен по еден ден. Обвинителството уште истиот ден поднесе жалба на мерката на претпазливост. Тие сметаат дека постои простор за негово повторно бегство и влијание на сведоци.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Седум случаи на семејно насилство за едно деноноќие, три лица приведени
Две починати лица пронајдени во Скопје, наредени обдукции по налог на обвинител
Нападнат полицаец во Гази Баба, на скопјанец му упаднале дома и го удирале со пиштол: два инциденти во Скопје
Тешко повредена велосипедистка по судир со автомобил во Скопје
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад