Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: (Фото) „Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра – тврдел дека истерува зли магии од нивниот син
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
(Фото) „Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра – тврдел дека истерува зли магии од нивниот син
МВР
Претреси во Скопје, две лица лишени од слобода, запленета дрога и оружје
МВР
(Видео) За првпат адвокатот Давидовиќ проговори за доказите за трагедијата во „Пулс“: Родителите нема да ги добијат сите одговори
Претрес
(Фото) Се судриле, па излетал преку жарденери – тешка сообраќајка на Партизанска, има повредени
МВР
Тошковски: Одлични резултати во борбата со криминалот и корупцијата, нови услуги за граѓаните а вистинската битка допрва започнува
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

(Фото) „Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра – тврдел дека истерува зли магии од нивниот син

Претрес.мк
Последни промени 05/07/2025
Претрес.мк
Сподели

Полициски службеници од СВР Штип во соработка со ОВР Берово, СВР Скопје и Одделот за криминалистичка полиција привеле 54-годишен жител на скопското село Трубарево, осомничен дека подолг временски период измамувал брачен пар од Берово, претставувајќи се како „бајач“ со натприродни способности.

Како што информира МВР, на 3 јули Б.Д. (76) од Берово пријавил дека во периодот од 2022 до 2025 година, осомничениот Д.И. (54) лажно се претставувал како „Божји човек“, истерувач на зли духови и маѓии, тврдејќи дека нивниот син е под влијание на „црна магија“ која му го загрозува животот.

„Имено, според пријавителот во период од 2022 до 2025 година пријавениот со намера за себе да прибави противправна имотна корист, со лажно прикажување на факти ги довел и ги држел во заблуда пријавителот и неговата сопруга М.Д. прикажувајќи се самиот себе како лице со посебни паранормални способности (наводен „бајач“, истерувач на духови и магии) , односно како “Божји човек” кој има моќ и сила да растури зла маѓија што наводно била направена над нивниот син и што наводно му го загрозувала неговото здравје и живот. Притоа, во наведениот речиси три годишен период ги навел оштетените лица во повеќе наврати на различни локации во Скопје и Берово да му даваат парични средства во висина од 5.000 до 6.000 евра за „помошта“, така што се стекнал со противправна имотна корист од вкупно 400.000 евра за посочениот период“, велат од МВР.

Оттаму додаваат:

„По примањето на пријавата од страна на полициски службеници од СВР Штип во содејство со полициски службеници од ОВР Берово, Одделот за криминалистичка полиција и СВР Скопје, а по насоки на јавен обвинител од надлежното ОЈО Кочани веднаш се преземени мерки и активности за расчистување на кривично правниот настан, при што паричните средства кои оштетениот по предходен договор со пријавениот имал намера да му ги даде, се крим-технички обработени. Така вчера (04.07.) во Берово од слобода се лишени пријавениот Д.И. и неговата мајка Д.И. (76) од Трубарево, скопско кај која при извршен претрес се пронајдени парични средства во износ од 3000 евра. Од извршениот претрес во нивниот дом во Трубарево пронајдени се и одземени се предмети поврзани со кривичното дело – „измама”. По целосно преземени мерки и активности против двете приведени лица е поднесена кривична пријава за продолжено кривично дело „измама” и истите се предадени на Судија за предходна постапка во Основниот суд Кочани“.

Можеби ќе ти се допадне

Претреси во Скопје, две лица лишени од слобода, запленета дрога и оружје

(Фото) Се судриле, па излетал преку жарденери – тешка сообраќајка на Партизанска, има повредени

Тошковски: Одлични резултати во борбата со криминалот и корупцијата, нови услуги за граѓаните а вистинската битка допрва започнува

Возачот кој го усмрти Југо на кеј бил осудуван за насилство и непочитување на ковид мерки

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

(Фото) „Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра – тврдел дека истерува зли магии од нивниот син
Претреси во Скопје, две лица лишени од слобода, запленета дрога и оружје
(Видео) За првпат адвокатот Давидовиќ проговори за доказите за трагедијата во „Пулс“: Родителите нема да ги добијат сите одговори
(Фото) Се судриле, па излетал преку жарденери – тешка сообраќајка на Партизанска, има повредени
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад