Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Жена почина во приватна болница, 17-годишник предизвика сообраќајка, запленета дрога во Скопје и Струмица
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Двајца возачи уапсени во Скопје поради прикривање регистарски ознаки
МВР
Пари во патна исправа – 31-годишник осомничен за давање поткуп
МВР
Малолетник без возачка прегази пешак во Битола – 42-годишник со тешки повреди
МВР
Со остар предмет се заканувал и кршел прозорец: прилепчанец доби кривична
МВР
Пари дадени „на рака“ за заеднички бизнис, проектот никогаш не реализиран – кавадарчанка измамена за 180.000 денари
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Жена почина во приватна болница, 17-годишник предизвика сообраќајка, запленета дрога во Скопје и Струмица

Претрес.мк
Последни промени 04/07/2025
Претрес.мк
Сподели

Во приватна здравствена установа во селото Кадино, скопско, починала 36-годишната И.Т. од населбата Илинден – се наведува во полицискиот билтен на МВР. Смртта била констатирана од страна на лекар, а на телото не се забележани видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција.

Во несреќа што се случила на регионалниот пат Ресен–Стење, на влезот во селото Царев двор, 17-годишен возач од Ресен изгубил контрола и со возило „фолксваген“ излетал од коловозот. Со тешки телесни повреди се здобиле тој и двајца сопатници – едниот на 19-годишна возраст, другиот малолетен. Уште еден малолетен сопатник се здобил со телесни повреди. Сите се од Ресен, а повредите се констатирани во Клиничката болница Битола. И Во Струга, во селото Лабуништа, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „априлија“ без регистарски таблици и електричен тротинет, управувани од малолетници. Со тешки телесни повреди се здобил возачот на тротинетот, кои биле констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.

На 3 јули во Скопје, во семејниот дом во општина Гази Баба, 51-годишна жена била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг. Случајот бил пријавен во 3.30 часот по полноќ на 4 јули. Се преземаат мерки и по целосно документирање ќе следува соодветен поднесок.
Истовремено, пријавено е и исчезнување на 14-годишник од јавна установа за згрижување деца. Според пријавата во Полициската станица Карпош, И.И. повторно се оддалечил од установата, а полицијата презема мерки за негово пронаоѓање.

Во две одвоени полициски акции, беа откриени и одземени наркотични материи. На 30 јуни во Струмица, по сообраќајна незгода, во возило „голф“ управувано од 33-годишен маж од село Попчево, полицијата пронашла и одзела марихуана, по што против него е поднесена кривична пријава. Во Скопје, на неколку локации на 3 и 4 јули, беа приведени пет лица – четворица на возраст од 19 до 25 години и еден 17-годишник – кај кои биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.

Во Дебар, 65-годишен маж од село Долно Палчиште доби кривична пријава поради тоа што извршувал јавен превоз на патници без лиценца. Тој бил затекнат при полициска контрола во возило „опел зафира“ како врши нерегуларен превоз на излезот од Дебар.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Двајца возачи уапсени во Скопје поради прикривање регистарски ознаки
Пари во патна исправа – 31-годишник осомничен за давање поткуп
Малолетник без возачка прегази пешак во Битола – 42-годишник со тешки повреди
Со остар предмет се заканувал и кршел прозорец: прилепчанец доби кривична
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад