Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: „Само родителите знаеле“ – Обвинителството ќе се жали на ослободителната пресуда за таткото на Вања
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Уапсен возач на автобус, превезувал патници без важечка возачка дозвола
МВР
Уапсени девет возачи за опасно и безобѕирно учество во сообраќајот
МВР
Лажна хуманитарна акција во Дебар: преку социјална мрежа собирале пари за непостоечко лекување на „болно дете“
МВР
Тешка сообраќајка на скопската обиколница: повеќе повредени кај клучка Приштина
МВР
Малолетници нападнати во Центар и Аеродром, инциденти во обложувалница, тепачка во парк
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
 Предмети

„Само родителите знаеле“ – Обвинителството ќе се жали на ослободителната пресуда за таткото на Вања

Претрес.мк
Последни промени 25/06/2025
Претрес.мк
Сподели

Обвинителката Ана Стојковиќ Димитриевска ќе се жали на ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, обвинет дека помагал со информации за нејзино грабнување. Димитриевска рече дека тие немале докази „какви што сакаат да има“, но за нив неспорно е дека исказите на обвинетите се докази.

„Во однос на обвинетиот Александар Ѓорчевски, иако не слушнавме аргументи од судот, неспорен факт е дека само родителите знаеле дека детето ќе оди само во училиште. Двајца кажаа дека дознале од таткото, преку Палевски. Да не знаеле дека детето ќе оди по исклучок само, немало да има грабнување. Обвинителството не можеше да оди преку овој факт. Обвинителството не можеше да донесе поинаква јавно обвинителска одлука. Извесно е дека ќе вложиме жалба, нека одлучи повисокиот суд. Во однос дека обвинетите ја сменија изјавата за Ѓорчевски, тие не понудија ниту еден разумен факт и околност зошто го сторија тоа. Тоа дека имало некаква тортура над нив, не е реално, ниту се докажа. Ние ги анализиравме сите искази нивни, никој од нив не кажа дека е употребена сила. По сите параметри, исказите се покажаа како вистински“, рече Ана Стојковиќ Димитриевска.

Таа додаде: „Ова што јас го кажувам сега, е доказ. Искази на двајца обвинети се доказ. Можеби не докази какви би сакале да имаме, но со анализа на сите докази поединечно и заедно, ние немавме друга опција освен за таква одлука“.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Уапсен возач на автобус, превезувал патници без важечка возачка дозвола
Уапсени девет возачи за опасно и безобѕирно учество во сообраќајот
Лажна хуманитарна акција во Дебар: преку социјална мрежа собирале пари за непостоечко лекување на „болно дете“
Тешка сообраќајка на скопската обиколница: повеќе повредени кај клучка Приштина
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад