Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Кабли за фотоволтаици на мета на крадци: Осум лица пријавени за тешка кражба и прикривање во Кавадарци
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
(Видео) Од вечерва е на улиците: „Спиете ли мирно?“
Претрес
(Видео) МВР сними 22-годишник како фрла отпад среде улица во Шуто Оризари, доби казна
МВР
Возеле без возачка, под алкохол и со двојно поголема брзина – уапсени 11 лица
МВР
Не смеел да ѝ се приближува, па ја натепал поранешната сопруга: Приведен маж од Крива Паланка
МВР
Инцидент на кружен тек во Охрид: Возач со „БМВ“ удрил маж, друг го нападнал со метален предмет
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Кабли за фотоволтаици на мета на крадци: Осум лица пријавени за тешка кражба и прикривање во Кавадарци

Претрес.мк
Последни промени 23/06/2025
Претрес.мк
Сподели

Полицијата во Кавадарци поднесе кривични пријави против осум лица, осомничени за организирана кражба и прикривање на електрични кабли од парцела кај селото Марена, наменети за поврзување фотоволтаици за производство на струја.

Како што информира МВР, кривичната пријава е поднесена до Основното јавно обвинителство Кавадарци против А.А. (26), Ш.А. (30), Е.А. (23), М.А. (22), Р.А. (18) и Г.А. (21), сите од село Марена, кои се товарат за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Исто така, пријава е поднесена и против С.В. (37) со привремен престој во Струмица и А.Ш. (43) од Струмица, осомничени за кривично дело „прикривање“ по член 261.

Според истрагата, на 22 и 23 ноември 2024 година, шестмината осомничени со употреба на специјализиран алат украле електричен кабел од локација викана Маренски рид. Кабелот бил предвиден за поврзување на фотоволтаични панели за производство на електрична енергија. Двајцата осомничени од Струмица, пак, го откупиле украдениот бакар и кабли.

Со кражбата, на правно лице од Скопје му е нанесена материјална штета од околу 915.000 денари, наведуваат од МВР.

Истрагата продолжува.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

(Видео) Од вечерва е на улиците: „Спиете ли мирно?“
(Видео) МВР сними 22-годишник како фрла отпад среде улица во Шуто Оризари, доби казна
Возеле без возачка, под алкохол и со двојно поголема брзина – уапсени 11 лица
Не смеел да ѝ се приближува, па ја натепал поранешната сопруга: Приведен маж од Крива Паланка
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад