Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Полицаец пријавен за шпионажа – тајни од МВР завршиле во казино
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
(Видео) Сузбиена криминална група поврзана со тероризам и недозволена трговија со оружје во Скопје: Пронајдени автоматски пушки, муниција и официјално знаме на ИСИС
МВР
43-годишен маж пронајден починат во автосервис во Битола
МВР
Физички нападнал 21-годишник и му се заканувал со огнено оружје, приведен 62-годишник
МВР
Возел со 2,92 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка во Тетово, приведен 66-годишник
МВР
Десет лица упасени, кај нив пронајдена дрога
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Полицаец пријавен за шпионажа – тајни од МВР завршиле во казино

Претрес.мк
Последни промени 16/06/2025
Претрес.мк
Сподели

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против полицискиот службеник З.С. од Полициската станица за општа надлежност Тетово. Пријавата е доставена до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализираното одделение за дела сторени од лица со полициски овластувања.

З.С. се сомничи дека во текот на 2023 и 2024 година сторил кривично дело „оддавање на службена тајна“, предвидено и казниво по член 360 став 1 од Кривичниот законик. Тој, како полициски службеник, прибавувал доверливи информации со увид во дневните билтени на МВР и анекс плановите за координирани контроли во казина и угостителски објекти, спроведувани од СВР Тетово, Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд.

Прибраните информации, кои претставуваат службена тајна, пријавениот им ги доставувал на физичко лице вработено во едно казино. Обвинителството ќе постапува понатаму по пријавата.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

(Видео) Сузбиена криминална група поврзана со тероризам и недозволена трговија со оружје во Скопје: Пронајдени автоматски пушки, муниција и официјално знаме на ИСИС
43-годишен маж пронајден починат во автосервис во Битола
Физички нападнал 21-годишник и му се заканувал со огнено оружје, приведен 62-годишник
Возел со 2,92 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка во Тетово, приведен 66-годишник
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад