Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Сејф Сити ќе го смени менталитетот: „Нема веќе бегање од казни“, вели министерот
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Несреќа во Велес: „Мерцедес“ излетал од патот и удрил во дрво, тешко повреден возачот
МВР
Работник од Виница паднал во отворена шахта – пренесен во болница
МВР
Жена и малолетен син нападнати од сопругот во скопско село
МВР
Жена пријавила дека била нападната од сопругот во Ѓорче Петров
МВР
Тепачка по сообраќајно недоразбирање во Аеродром – три лица вмешани во инцидентот
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Сејф Сити ќе го смени менталитетот: „Нема веќе бегање од казни“, вели министерот

Претрес.мк
Последни промени 16/06/2025
Претрес.мк
Сподели

Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во своето гостување во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува“ зборуваше колку Македонија е безбедна држава и потенцираше дека македонските граѓани прават разлика од тоа како било претходно, а како е сега и тоа се должни на многуте акции кои беа спроведени од страна на Министерството за внатрешни работи.

-Мислам дека македонските граѓани прават разлика помеѓу она што го начекавме, она што го оставија овие пред нас и она кое што ние го работиме сега. Сметам дека сите оние акции кои што ги спроведовме како од аспект на борба против организиран криминал и особено висока корупција и злоупотреба на државни институции во минатото, сите оние акции кои што ги спроведовме во делот на уличниот криминал, потоа на борбата против трговија со дрога, трговија со луѓе, бандите кои што ги разбивме, му даваат една надеж на македонскиот народ дека можело и поинаку. Гледаат дека со посветеност, со макотрпна работа, со професионален пристап можело и поинаку и да се дадат резултати, рече Тошковски.

Тошковски во текот на своето гостување објасни како успеале да ја намалат стапката на криминалот на државата. Имено тоа е резултат на неселективноста во примената за законските прописи и во професионалноста.

-Едноставен е одговорот. Кога ќе сте неселективни во примената на законски прописи и кога ќе се трудите да професионално си ја сработите работата, без разлика за кого се однесува конкретното, дали ќе е прекршок, дали ќе е кривично дело и така натаму, мислам дека во различни сегменти покажавме дека можело поинаку. Мислам дека разлика е јасна, видлива и се надевам дека ќе имаме капацитети и сила да продолжиме и понатаму да чекориме со исто темпо, објасни министерот.

Тошковски говореше и за проектот „Сејф Сити“ и посочи дека со овој проект за многу краток период ќе се смени односно на македонските граѓани во делот на почитување на сообраќајните правила.

-Јас искрено многу верувам во овој проект „Сејф Сити“. Кога ќе го имплементираме „Сејф Сити” како решение, јас сум убеден дека за многу краток временски период ќе го смениме менталитетот и односот на нашите граѓани во делот на почитување на сообраќајни правила. Со имплементација на овој систем нема да има опција за избегнување на казна, вели тој.

На крај Тошковски акцент стави и на дигитализацијата со што потенцира дека таа е основен пилар за осовременување на сите процеси и подобрување на услугата која што ја пружи не само МВР туку цела влада.

-Дигитализацијата е еден од основните пилари кои што сме ги воспоставиле како такви уште при отпочнување со целокупната реорганизација во Министерството за внатрешни работи и многу внимание посветуваме на тоа. Сакаме сите процеси кои се водат во рамки на министерството да се дигитализираат се со цел да можеме да ги убрзаме процесите, да исклучиме човек фактор при донесување на одредени одлуки кои што не се во интерес на граѓаните од аспект на непроцесуирање на одредени предмети, селективен пристап во постапување и така натаму и особено во аспект на подобрување на услугите кои што ги имаме кон граѓаните. Еве на пример, овозможување на граѓаните да можат да извадат уверение за државјанство преку електронски пат, овозможување да се извади дозвола за одредено оружје преку електронски пат, целокупната постапка да се води електронски. Мислам дека дигитализацијата и те како е клучен пилар за осовременување на сите процеси и подобрување на услугата која што ја пружиме, не само како МВР, туку општо како влада, дополни Тошковски.

Можеби ќе ти се допадне

Несреќа во Велес: „Мерцедес“ излетал од патот и удрил во дрво, тешко повреден возачот

Работник од Виница паднал во отворена шахта – пренесен во болница

Жена и малолетен син нападнати од сопругот во скопско село

Жена пријавила дека била нападната од сопругот во Ѓорче Петров

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Несреќа во Велес: „Мерцедес“ излетал од патот и удрил во дрво, тешко повреден возачот
Работник од Виница паднал во отворена шахта – пренесен во болница
Жена и малолетен син нападнати од сопругот во скопско село
Жена пријавила дека била нападната од сопругот во Ѓорче Петров
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад