Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Детали за обидот за убиство во Чаир: познат идентитетот на уапсените
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Четворица разбојници уапсени во Градски парк – со нож ограбиле малолетници
МВР
Тешко повреден пека на „Партизанска“, ја удрил возач на тротинет кој избегал
МВР
Малолетник прободел тинејџер со нож во скопско село
МВР
Запалено возило на Бит Пазар, огнот зафатил уште две коли
МВР
Апсење во Виница: aгресивен под дејство на алкохол попречувал полиција во Блатец
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Детали за обидот за убиство во Чаир: познат идентитетот на уапсените

Претрес.мк
Последни промени 05/06/2025
Претрес.мк
Сподели

„СВР Скопје – Единица за насилен криминал поднесе кривична пријава против Г.А.(33) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ во обид по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик и против Б.С.(35) и А.С.(40), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ по член 24 во врска со кривично дело „убиство“ во обид по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик“, велат од МВР

Имено, на 01.06.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ е пријавено дека кај нив со убодни рани е донесен И.А.(38) од Скопје. Според пријавеното, околу 21.45 часот пред фитнес клуб на подрачјето на Чаир во Скопје, тој и неговиот брат А.А.(32) се обиделе да разделат три лица кои физички се пресметувале, при што биле нападнати со остар предмет. Притоа, и А.А.(32) се здобил со убодни рани и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана помош. Во врска со настанот, подоцна во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје на преглед се јавил и Б.Р.(25) од Скопје.

По преземени мерки и активности и обезбедени докази, утврдено е дека пријавените го сториле делото, по што на 03.06.2025 се лишени од слобода од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје. Во координација со јавен обвинител е поднесена пријавата, а од судија на претходна постапка на Г.А. му е одредена мерка притвор од 30 дена, а на Б.С. и А.С. им е определена мерка домашен притвор од 30 дена.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Четворица разбојници уапсени во Градски парк – со нож ограбиле малолетници
Тешко повреден пека на „Партизанска“, ја удрил возач на тротинет кој избегал
Малолетник прободел тинејџер со нож во скопско село
Запалено возило на Бит Пазар, огнот зафатил уште две коли
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад