Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Се бара притвор за Нино Васев и другиот директор на „Онкологија“
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Возач фатен со 3,08 промили алкохол во крвта
МВР
Фатен битолчанец поради измамите со лажни лекари и сообраќајки, од две лица земал 20.000 евра
МВР
Фатени 15 возачи без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
МВР
Mалолетничка пронајдена во бессознание во Карпош, со неа имала шише со бела прашкаста материја
МВР
Тетовец лишен од слобода откако возел во спротивен правец на автопатот Тетово–Скопје
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
 Предмети

Се бара притвор за Нино Васев и другиот директор на „Онкологија“

Претрес.мк
Последни промени 23/05/2025
Претрес.мк
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со поднесените обвиненија во предметот „Онкологија“, до Основниот кривичен суд Скопје вчера поднесе и предлог за определување мерка притвор за двајца обвинети – медицинскиот директор Нино Васев и организациски директор Нехат Нухи на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Скопје.

„На обвинетите им се ставаат на товар повеќе кривични дела за кои се запретени високи затворски казни, а последицата од сторените кривични дела опфаќа и нанесување на значителна имотна штета на Буџетот на Република Северна Македонија, што може да влијае врз мотивот на обвинетите да се дадат во бегство.

Во фазата на истрага за овие лица на сила беа мерки на претпазливост, но со поднесување на обвинението подигнат е степенот на сомнение за обвинетите, како и извесноста од кривично правна одговорност и од санкционирање за нивните противправни дејствија.

Поради опасност од бегство како резултат на природата и тежината на предметните кривични дела за кои им се поднесени обвиненија, за тројца обвинети лекари – онколози предложени се мерки на претпазливост – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница односно забрана за нејзино  издавање“, велат од Обвинителство.

Ваквите мерки според обвинителството се неопходни за непречено водење на кривичната постапка.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Возач фатен со 3,08 промили алкохол во крвта
Фатен битолчанец поради измамите со лажни лекари и сообраќајки, од две лица земал 20.000 евра
Фатени 15 возачи без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
Mалолетничка пронајдена во бессознание во Карпош, со неа имала шише со бела прашкаста материја
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад