Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Обвинет Нино Васев и доктори за „Онкологија“: 29 пациенти примале несоодветна терапија или не ги добивале сите дози
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
(ВО ЖИВО) Бочварски без конкретен одговор дали државниот обвинител Коцевски треба да биде разрешен
Претрес
(ВО ЖИВО) СДСМ умира или се преродува? За Груби, Филипче, Заев, Кочани, скандалите автопатите со Бочварски
Претрес
Крвава пресметка во Чаир: постака против 18-годишник кој прободел малолетник во граден кош
 Предмети
Само заедничка соработка ќе ја направи Европа побезбедна, посилна и пообединета, порача Тошковски од Салцбуршкиот форум
МВР
Кумановец се обидел да прегази полицајци во прилепско
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
 Предмети

Обвинет Нино Васев и доктори за „Онкологија“: 29 пациенти примале несоодветна терапија или не ги добивале сите дози

Претрес.мк
Последни промени 22/05/2025
Претрес.мк
Сподели

Поднесени се две обвиненија за случајот „Онкологија“, откри денеска шефот на скопските обвинители, Гаврил Бубевски. Тој рече дека се гонат лицата кои направиле финансиски импликации кои биле направени врз Клиниката за онкологија. Засебно, ќе се гони и начинот на кој се лекувале пациентите.

„Се задржавме на злоупотребите кои беа видливи, во делот на финансиските злоупотреби. Но, Обвинителството му даде и друг пристап. Пристап во насока на испитување – колку методите, протоколите и сѐ што е потребно на таквите пациенти сѐ испочитувани, пред сѐ за биолошката терапија“, рече Бубевски.

Првиот предмет е за финансиски злоупотреби.

„Предметот е поделен на два дела, првото обвинение се однесува на економското работење на клиниката – опфаќа две лица. Првиот медицински директор, вториот економски директор. Тие се гонат за злоупотреба на службената положба, измама и проневера во службата. Делата ги сториле од 2018 до 2022 година. Тие со дејствијата прибавиле значителна имотна корист за друг и нанеле штета на Буџетот. Исто така, двата се обвинети за измама, па во вршење на службена должност, го довеле до заблуда Фондот за здравствено осигурување да изврши незаконита исплата. Набавувале лекови на реверс, без да постои правен основ на тоа. Потоа правеле постапки за јавни набавки, кои биле беспредметни, бидејќи добавувачите ги фактурирале претходно добавените лекови. Со вакви противзаконити дејствија, креирале противправни обврски на Фондот“, рече Ана Гоговска-Јакимовска, обвинителка во случајот „Онкологија“.

Тие го обвинуваат ексдиректорот Нино Васев дека прибавил имотна корист од 13 милиони денари со присвојување на дел од лековите.

„Откако со свој потпис ќе го потпишел и одобрел лековите, фиктивно ги раздолжувал, не ги аплицирал на пациентите во чие име биле требувани. И така постои разлика помеѓу требована разлика и раздолжена количина на пациенти од 2 милиони денари. Ова е констатирано кај девет пациенти. Медицинскиот директор користејќи ја неусогласеноста на издадените лекови од аптека и примени лекови во организационите едници на клиниката, каде бил одговорен организацискиот директор – присвоил дел од лековите кои Клиниката требало да ги има на залиха. Станува збор за девет лекови – авастин, херцептин ербитукс, фубрестан… Прибавил противправна имотна корист од најмалку 13 милиони денари“, додаде таа.

Обвинети се и 4 онколози, а прв обвинет е Нино Васев.

„Второто обвинение се однесува на третманот на пациентите. Опфаќа четворица лекари онколози. Прв обвинет е поранешниот директор на Клиниката, се товари дека извршил тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување на болни. Другите се товарат за несовесно лекување на болни. Со медицинските вештачења е утврдено дека кај 29 пациенти првообвинетиот применил неподобен начин на лекување, со што, тешко го нарушил здравјето на пациентите. Во дел од случаите му било ова овозможено од вториот обвинет кој му дал факсимил и податоци за влез во системот. Другите двајца лекари се обвинети за несовесно лекување болни, бидејќи врз основа на медицинските истории, се утврдува дека одредувале лекови од новите генерации, во фаза кога било очигледно дека пациентот нема да има корист поради лошиот статус, без да се наведе висината и тежината на пациентот, со отстапување од дозирањето, со што дополнително ја влошиле нивната состојба“, додаде обвинителката Гоговска-Јакимовска.

Можеби ќе ти се допадне

Крвава пресметка во Чаир: постака против 18-годишник кој прободел малолетник во граден кош

Пијан возач предизвика сообраќајка во Кисела Вода – повредена жена

Побарал пари за дрога, па го запрел возилото и се обидел да ја прегази сопругата – обвинителството бара забрана за приближување

Хорор во Велес: Удрил дете по глава, го влечел по улица – со секира тргнал и на полицајци

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

(ВО ЖИВО) Бочварски без конкретен одговор дали државниот обвинител Коцевски треба да биде разрешен
(ВО ЖИВО) СДСМ умира или се преродува? За Груби, Филипче, Заев, Кочани, скандалите автопатите со Бочварски
Крвава пресметка во Чаир: постака против 18-годишник кој прободел малолетник во граден кош
Само заедничка соработка ќе ја направи Европа побезбедна, посилна и пообединета, порача Тошковски од Салцбуршкиот форум
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад