Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: (🔴Видео – премиера) Да не се заборави Кочани: сведоштва за болката, трагедијата, солидарноста и надежта за правда
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
(Видео) Бегалецот од кочанската полициска станица остана без луксузните возила и станот
МВР
Лекарите откриваат кои секојдневни предмети кријат најмногу бактерии
 Предмети
Во туѓо име земале брзи кредити од над 10,8 милиони денари, уапсени две кумановки
МВР
Барал пари од дедо му, откако не ги добил го претепал – кривична за 20-годишен кочанец
МВР
Со месеци праќала пари за „болно дете“ – прилепчанка измамена преку социјални мрежи за 700.000 денари
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Претрес

(🔴Видео – премиера) Да не се заборави Кочани: сведоштва за болката, трагедијата, солидарноста и надежта за правда

Претрес.мк
Последни промени 11/05/2025
Претрес.мк
Сподели

Ова не е само потсетник на еден црн ден — ова е повик за солидарност, за помош и за одговорност. Да не дозволиме трагедијата да избледи во тишина. Кочани не смее да биде заборавен. „Претрес“ се сретна со семејството на загинатиот Андреј Стојанов, во нивниот дом. Нема утеха за неговите мајка и татко. Очекуваат одговорност, за ова да не се повтори. Не знаат како ќе продолжат понатаму.

Ана Вучева, посетителка на „Пулс“ и дел од „Support Kocani“, раскажа за критичните моменти кобната ноќ. Обидите за спасување, реакциите, сѐ што следувало по пожарот. Заклучи дека „Кочани е херој во целина“, мислејќи на семејствата на загинатите, повредените, граѓаните.

Љубомир Игнатов, кој има само 18 години и е посетител на „Пулс“ и е дел од „Support Kocani“, по 40 дена се врати на работа. Свежи му се сеќавањата. Раскажа како за момент се откажал од животот кога избувнал пожарот, па вели: „Среќен бев само што нема да горам“, по што го спасиле и извлекле надвор. Бил заглавен во стампедото.

Мартин Розин-Сопков кој исто бил во „Пулс“, а е дел од „Support Kocani“, посочува дека навреме излегол, но без зборови останал кога полицијата одбила да однесе повредено лице во болница. Посочува дека до ранитеу утрински часови се обидувал да помогне со сите сили.

Кобната вечер во „Пулс“ бил и Дарио Трифунов, исто така волонтер во „Support Kocani“. Откако излегол од дискотеката, со другар, тргнал да носат повредено лице во болница. Тоа што таму го затекнал на почетокот биле 2-3 пациенти. Но потоа почнал хоророт. Сведочи дека недостасувале медицински средства, а немало ниту ножички кои ги барале за да му исечат маица на повреден.

Мајките на загинатите деца, на протестот, просведочија како корумпирани поединци во институциите, се уште се на работните места, наместо да се под дисциплински постапки. Велат дека корупцијата им ги убила децата.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

(Видео) Бегалецот од кочанската полициска станица остана без луксузните возила и станот
Лекарите откриваат кои секојдневни предмети кријат најмногу бактерии
Во туѓо име земале брзи кредити од над 10,8 милиони денари, уапсени две кумановки
Барал пари од дедо му, откако не ги добил го претепал – кривична за 20-годишен кочанец
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад