Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: „Паднаа“ ексдиректорка од Куманово, вработени во Министерството за образование и фирми – МВР поднесе пријави
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
(ВО ЖИВО) Адвокатот Давидовиќ очекува маратонска судска постапка за Пулс
Претрес
(ВО ЖИВО) Давидовиќ: Обвинетиот обезбедувач бил само гостин во Пулс, обвинението се уште го немаме
Претрес
(ВО ЖИВО) Богдановиќ би прифатил понуда од Димитриевски да биде кандидат на ЗНАМ за градоначалник на Центар
Претрес
(ВО ЖИВО) Богдановиќ: Заев ме тргна од политиката и не ми даде шанса за втор мандат
Претрес
Се огласи ќерката на загинатиот скопјанец: Ми го прегазија татичко свирепо на пешачка зона на кеј, ќе има ли крај на ова?
Новости
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

„Паднаа“ ексдиректорка од Куманово, вработени во Министерството за образование и фирми – МВР поднесе пријави

Претрес.мк
Последни промени 09/05/2025
Претрес.мк
Сподели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.Т. – поранешна директорка ДСУ „Киро Бурназ“ од Куманиво поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положаба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик, против правно лице од Куманово за превоз на патници и сопственикот Д.П. од Куманово поради постоење основи насомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“ по член 275-в став 2 во врска со став 1 и став 4 и „фалсификување или уништување на деловни книги“ по член 280 став 1 и став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, против В.Д., Д.Б., В.В., Ј.В., Д.Т. и Н.К., сите од Скопје, вработени во Министерството за образование, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело дело „злоупотреба на службена положба“ по член 353 став 4 и став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик и против правно лице за книговодствени услуги и Б.С. – управителка на правното лице поради постоење основи на сомнение за стрено кривично дело „фалсификување или уништување на деловни книги“ по член 280 став 2 и став 3 од Кривичниот законик.

„Првопријавената В.Т., во текот на учебната 2022/2023 и во текот на учебната 2023/2024 година, додека траела реконструкцијата на училиштето и не се изведувала настава со физичко присуство на ученици, во два наврати спровела отворени постапки за доделување на договор за јавна набавка на услуга – превоз на ученици, во кои постапки било изберено пријавеното превозно претпријатие од Куманово, застапувано од пријавениот Д.П. од Кумнаово, како единствен понудувач и носител на набавката. Д.П., потоа заедно со пријавената В.Т. изготвиле лажни записници за квалитетно и навремено извршена услуга, кои ги потпишале двајцата, па врз основа на лажните записници Д.П. изготвил лажни фактури во кои биле внесени невистинити податоци и како такви биле доставени до Министерството за образование и наука.

Доставените фактури биле одобрени и исплатени од четвртопријавената В.Д., петтoпријавената Д.Б, шестопријавената В.В., седмопријавената Ј.В., осмопријавената Д.Т. и деветтопријавената Н.К.. и покрај тоа што знаеле дека училиштето се реконструира и наставата се одвива без физичко присуство на ученици и наставници. Додека пак пријавената С.Б. – управител на правното лице за книговодствени услуги од Куманово, иако знаела дека изготвените фактури се со невистинита содржина и не се поткрепени со никаква друга задолжителна пропратна документација предвидена со закон, сепак ги книжела во финансиските книги на правното лице за превоз на патници.

На тој начин, сите пријавени им овозможиле на пријавениот Д.П. и правно лице за превоз на патници од Куманово да се стекнат со противправна имотна корист во вкупен износ од 32.620.123 денари на штета на буџетот на РСМ“, велат од МВР.

Можеби ќе ти се допадне

Избегал возачот кој го усмрти скопјанецот на пешачката патека на Кеј – детали од МВР

Жена од Битола се лажела дека работи во МВР и измамила сограѓанин за 22.500 евра

Фатен пијан возач во Македонска Каменица со 2.41 промили алкохол во крвта

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

(ВО ЖИВО) Адвокатот Давидовиќ очекува маратонска судска постапка за Пулс
(ВО ЖИВО) Давидовиќ: Обвинетиот обезбедувач бил само гостин во Пулс, обвинението се уште го немаме
(ВО ЖИВО) Богдановиќ би прифатил понуда од Димитриевски да биде кандидат на ЗНАМ за градоначалник на Центар
(ВО ЖИВО) Богдановиќ: Заев ме тргна од политиката и не ми даде шанса за втор мандат
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад