Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Девет месеци не е утврдено дали се исправни инсталациите на објектот каде загина младиот Љупчо Лешко
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Детали: Приведен напаѓачот што упадна во студиото на „Инфомакс“
МВР
(Видео) Со документи: „Филипче гласал за камп за прифаќање на мигранти во 2018 година во Бардовци“, тврди Андоновски
Претрес
(ВО ЖИВО) Андоновски: Филипче во 2018 гласал за изградба на бегалски камп во Бардовци
Претрес
Тошковски: Македонија ја потврдува посветеноста во борбата против криумчарењето мигранти
МВР
Ужас во Скопје: Брат го претепал брат си и го оставил во локва крв, сторил обид за убиство
Претрес
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
 Предмети

Девет месеци не е утврдено дали се исправни инсталациите на објектот каде загина младиот Љупчо Лешко

Претрес.мк
Последни промени 02/05/2025
Претрес.мк
Сподели

Девет месеци се испитува дали некој има вина за смртта на младиот диџеј Љупчо Лешко, кој загина од струен удар во приватен објект во Радишани, каде пуштал музика. Обвинителството и натаму без одговор на прашањето на „Скопје1“ – дали до овој момент има осомничени лица. Истовремено, и натаму се вршат вештачењата, по кои треба да се донесе јавнообвинителска одлука. Сомнежите се дека имало проблеми во инсталациите на објектот, каде исто така имало и базен. Токму тоа се испитува од почетокот на истрагата до сега, а се прават и распити.

„Во конкретниот предмет, со цел испитување евентуална одговорност, по наредба на јавен обвинител извршени се повеќе вештачења, дополнувања на вештите наоди, мерења на заземјувањето и проверки на инсталациите на објектот. Во моментов се преземаат други дејствија на распити, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука“, велат од Обвинителството за „Скопје1“.

Претходно, адвокатот Владимир Туфегџиќ, кој е адвокат на родителите на загинатиот Љупчо, а кои очекуваат правда, рече дека истрагата треба да биде насочена кон сопственикот и менаџерот на објектот, бидејќи според него, го издавале без одобрение. Алармираше дека има крупни пропусти и од полицијата.

„Во конкретниот случај како адвокат на оштетеното семејството сметам дека постои основано сомневање за сторено кривично дело Тешки дела против општата сигурност и истражната постапка во оваа смисла треба и мора да биде насочена кон сопственикот на објектот како и кон лицето кое го менаџирало објектот преку позната инстаграм адреса со издавање за настани на кои биле собрани поголем број луѓе и со ставање на неисправна и неиспитана музичка опрема на располагање, без одобрение и согласност од надлежен орган“, рече Туфегџиќ за „Скопје1“, пред неколку месеци.

Родителите пак, пред два месеци, посочија дека истрагата е претворена во турска серија.

„Во случајот кој го водите во предистражната постапка која веќе премина во турска серија ние тврдиме дека нашиот син не е починат во несреќен случај туку во причинско-последичен случај заради неисправност на објектот“, вели во објавата Кети Лешко, мајка на загинатиот Љупчо дополнувајќи со: „Обвинителке, кабелот не е крив“.

Љупчо Лешко работеше како ди-џеј. Критичната вечер кога загина, бил на приватен објект во Радишани. Таму имало две роденденски забави. Тој бил најмен од еден од славениците. Во текот на вечерта, кога се допрел на мискетата, го удрил струен удар, а починал на лице место.

Семејството во два наврати зборуваше за ова во „Претрес“:

Можеби ќе ти се допадне

Хорор во Скопје: жена била силувана па уценувана, осомничениот се јавувал и кај жена му да донесе кокаин за да не ја убие жртвата

Скоро две години без одговори за смртта на 27-годишниот Александар Михаиловски кој отиде да работи, а загина во Чешка

Истрагата ќе ја завршат, ама него го нема: Македонија не успева да стигне до Артан Груби

Ја изнервирало плачењето на бебето, па го удирала со тупаници по носот и устата – се бара притвор за 23-годишната мајка

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Детали: Приведен напаѓачот што упадна во студиото на „Инфомакс“
(Видео) Со документи: „Филипче гласал за камп за прифаќање на мигранти во 2018 година во Бардовци“, тврди Андоновски
(ВО ЖИВО) Андоновски: Филипче во 2018 гласал за изградба на бегалски камп во Бардовци
Тошковски: Македонија ја потврдува посветеноста во борбата против криумчарењето мигранти
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад