Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Девојката од Скопје по која се трагаше не била пријавена за исчезната во МВР, а таа се огласи на „Фејсбук“: Се кренала лажна
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Полицијата се „поднови“ со 120 нови возила, моќните „Peugeot 408“ ќе бидат опремени со најсовремени системи
МВР
(Видео) Данела Арсовска со Али Ахмети договараше да биде премиер наместо Мицкоски, тврди нејзиниот екссоработник Драги Книга
Претрес
(Видео) Запленета над 25 тони пиротехника, најдена во возило кое го возеле скопјани
МВР
(ВО ЖИВО) Драги Книга: Идејата за Данела за градоначалник е на Горан Минчев од 2019, таа е промашен проект
Претрес
(ВО ЖИВО) Драги Книга: Во бомбите има повеќе разговори за швалерај отколку за криминал
Претрес
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Новости

Девојката од Скопје по која се трагаше не била пријавена за исчезната во МВР, а таа се огласи на „Фејсбук“: Се кренала лажна

Претрес.мк
Последни промени 25/04/2025
Претрес.мк
Сподели

Девојката Симона Стојкова од Скопје по која се трагаше преку објава на страницата „Најдиме.орг.мк“, никогаш не била пријавена за исчезната во полициска станица. Истовремено, во објава на „Фејсбук“, вчера на полноќ, напишала дека објавата е лажна. Сепак, од организацијата која е издавач на порталот велат дека тие постапиле по пријава, од како што велат, семејството на Стојкова. Апелот бил споделен доброманерно, за да се најде девојката, откако системот им имспратил порака дека таа е пријавена за исчезната. Од организацијата велат дека описот е објавен согласно дадените информации од семејството. „Скопје1“ побара од нив контакт од пријавителите уште вчеравечер, но тие рекоа дека такви информации не споделуваат. Истовремено, во објава на „Фејсбук“, 35-годишната девојка вели сѐ е лажна тревога.

„Драги пријатели, сите што ме познавате лично и оние што не ме познавате, објавата денес што се прошири дека сум исчезната е лажна! Се кренала лажна тревога! Благодарам за трудот и загриженоста да ме најдете но се работи навистина за лажна тревога! Поздрав!“, стои во објавата.

„Скопје1“ побара став и од менаџментот на страницата „Најдиме.орг.мк“ уште во текот на вчерашната вечер. Тие укажаа дека кога добиваат пријава за исчезнато лице, а кое е полнолетно, не ја контактираат полицијата туку апелот го објавуваат директно. Посочуваат дека досега имале неколку успешни акции кога се трагало по лица со деменција, што овојпат не беше случај, бидејќи со описот во кој стоеше „Се јавила со врискање на денот на исчезнувањето..“, оставаше впечаток дека таа е киднапирана.

„Тој е сајт на кој има можност да се пополни онлајн апликација за исчезнато лице. Доколку стануав збор за исчезнато дете, ние мораме, обврзани сме да контактираме со полиција и да добиеме од полиција или да го насочиме семејството да го пријави лицето, па дури потоа, во согласност со полиција да го вклучиме „Amber alert“ системот, дека е исчезнато дете. Кога станува збор за лице над 18 години, во тој случај ние ги објавуваме за да им помогнеме на семејствата. Во случајот, објавени се името и фотографијата. Ние сме алармирани преку системот дека е пополнета апликација, нѐ контактираа од семејството, аналогно на тоа, имајќи го телефонскиот број кој ни го дадоа, ние ја објавивме информацијата која тие ја доставија. Во истиот момент кога разговараа со нас, кога нѐ контактираа, беа во полцииска станица Водно, од каде што ги препратиле во локалната полициска станица. Гарантирам дека тие однесоа и сѐ информираа, бидејќи нѐ контактираа од таму“, вели претставник на правното лице издавач на платформата „Најдиме.орг.мк“.

„Скопје1“ уште вчера побара одговори од МВР, дали е пријавено лицето за исчезнато, а оттаму проверија низ сите СВР на ниво на држава, но пријава немаше.

„До овој момент во ниту еден сектор за внатрешни работи на територија на цела држава, нема пријава за исчезнато лице со вакво име и презиме“, велат од МВР за „Скопје1“

Можеби ќе ти се допадне

Пронајдено тело на жена во езерцето во Градскиот парк во Струмица

(Видео) Објавени снимки како е ограбен тутунар од Прилеп ограбен: „Ова не е кражба на тутун, туку на месеци труд и иднина“

(Видео) Сообраќајка на раскрсницата кај „Скендербег“: се судрија мотоцикл и автомобил

Исчезна 48-годишен велешанец: Полицијата и семејството трагаат по Стојанче Клифов, се бара помош од јавноста

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Полицијата се „поднови“ со 120 нови возила, моќните „Peugeot 408“ ќе бидат опремени со најсовремени системи
(Видео) Данела Арсовска со Али Ахмети договараше да биде премиер наместо Мицкоски, тврди нејзиниот екссоработник Драги Книга
(Видео) Запленета над 25 тони пиротехника, најдена во возило кое го возеле скопјани
(ВО ЖИВО) Драги Книга: Идејата за Данела за градоначалник е на Горан Минчев од 2019, таа е промашен проект
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад