Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Девет возачи уапсени, еден возел со 175 километри на час на делница со ограничување од 80
МВР
Пронајдени 25 пакувања кафеава прашкаста материја и 14 со марихуана кај двајца осуденици во Идризово
МВР
77-годишен пешак загина откако бил удрен на автопатот Градско-Велес, возачот избегал
МВР
Тешко повредена 57-годишна струмичанка откако ја удрил автомобил
МВР
Тетовец дал 3.550 евра за испорака на мебел, но не го добил – вратен само дел од парите
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Претрес.мк
Последни промени 18/04/2025
Претрес.мк
Сподели

По повод верскиот празник „Воскресение Христово-Велигден” утре (19.04.2025), Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај на одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.

Имено, утре во периодот од 18.00 часот па до завршувањето на настанот по повод верскиот и државен празник „Воскресение Христово-Велигден”, во центарот на град Скопје по потреба, за сообраќај ќе бидат затворени:
– бул.„Партизански Одреди” од крстосница со ул.„Франклин Рузвелт” до крстосница со бул.„ВМРО”,
– бул.„Св.Климент Охридски” од крстосница со бул.„Илинден” до крстосница со ул.„Димитрие Чуповски”,
– ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ од крстосница со ул.„9-ти Мај” до кружна крстосница со ул.„Св. Кирил и Методиј”.

На автобусите кои што минуваат преку мостот „Гоце Делчев” по потреба ќе им се менува трасата на движење при што истите ќе се движат по бул.„Илинден” и преку ул.„Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на бул.„Партизански Одреди”, додека автобусите кои што минуваат преку центарот на градот ќе се движат по ул.„М.Т.Гологанов” па преку ул.„Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на бул.„Партизански Одреди”. И во спротивна насока автобусите ќе ги користат истите сообраќајници.
Во општина Ѓорче Петров по потреба за сообраќај ќе се затвори ул.„Македонска Војска“ пред црквата „Свети Петар и Павле“ на потегот од крстосница со бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“.

Во општина Аеродром по потреба за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон с. Лисиче.
По потреба за сообраќај ќе бидат затворени и други сообраќајници кои гравитираат околу верските објекти.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Девет возачи уапсени, еден возел со 175 километри на час на делница со ограничување од 80
Пронајдени 25 пакувања кафеава прашкаста материја и 14 со марихуана кај двајца осуденици во Идризово
77-годишен пешак загина откако бил удрен на автопатот Градско-Велес, возачот избегал
Тешко повредена 57-годишна струмичанка откако ја удрил автомобил
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад