Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Само што започна собирот во Скопје, МВР воведе забрана за снимање со дронови без објаснување – зошто?
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Приведен возач на камион, немал важечка возачка дозвола
МВР
Починат маж пронајден во село Биљановце
МВР
„Само два ПП апарати, празен хидрант и заклучена помошна врата без квака“, инспектор од ДЗС за увидот во „Пулс“
 Предмети
Две жени тешко повредени откако автомобил излета од пат
МВР
Маж од Тетово нападнат од невенчаната сопруга
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Само што започна собирот во Скопје, МВР воведе забрана за снимање со дронови без објаснување – зошто?

Претрес.мк
Последни промени 24/03/2025
Претрес.мк
Сподели

Сите места каде ќе се маршира, вечерва станаа забранета зона за снимање со дронови. Дури на една минута по стартот на собирот и марш за настраданите во дискотеката во Кочани, а по прашањата од „Скопје1“, стигна и соопштение од Министерството за внатрешни работи со кое информираат дека вовеле забрана. Тоа е направено без никакво објаснување, па така, и на тие кои имаа дозвола, меѓу кои беше и нашата екипа – дозволата им е откажана.

За воведувањето забрана, системот на Агенцијата за воздухопловство не испраќа известувања до тие кои веќе имаат закажани летови. Па така, ако лицата кои оперираат со дронови, не следат медиуми од минута до минута – тогаш може да добијат и казни, како што се вели во соопштението.

„Неовластеното, некоординирано оперирање на овие воздухоплови не само што го загрозува воздушниот сообраќај, туку може да предизвика сериозни последици по животот и имотот на трети лица на земја. Оперирање со воздухоплови без екипаж во забранети зони е основ за поведување постапка за санкционирање согласно Законот за воздухопловство“, стои во соопштението.

Но во него, МВР не објаснуваат која е причината поради воведување на ваквата забрана. Особено, ако се има во предвид дека снимањето на дрон, ако немаше забрана, можеше да се направи согласно сите законски прописи – да не биде над толпата, да се види во радиусот кој е регистриран, да го прават оператори кои се регистрирани.

„Скопје1“ побара објаснување за тоа зошто МВР донела интервентна одлука за забрана на снимање со дронови на сите локации каде е маршот, како и зошто вакви забрани се носат сега, но не и кога во време на кампањи политичките партии снимаат цели митинзи со дронови. Одговори ни најавија за утре.

Инаку, во центарот на Скопје има марш организиран од организацијата „Кој е следен?“, преку кој се бара правда за загинатите во трагедијата, а се испраќаат пораки до политичарите и сите кои раководат со државниот апарат.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Приведен возач на камион, немал важечка возачка дозвола
Починат маж пронајден во село Биљановце
„Само два ПП апарати, празен хидрант и заклучена помошна врата без квака“, инспектор од ДЗС за увидот во „Пулс“
Две жени тешко повредени откако автомобил излета од пат
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад