Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Пцуење, па извадил нож, се претставил како полицаец со значка – насилство на скопска обиколница
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Kражба во Аеродром: Украдени сефови, пари, службен печат и мобилни телефони од финансиско друштво
МВР
Пожарникар претепан пред противпожарна единица, уапсени две лица
МВР
Велешанец избега од Идризово, полицијата веднаш го пронајде и врати зад решетки
МВР
Нарачал блиндор врата онлајн – останал без 64.500 денари и без производ
МВР
Маж со нож се заканувал на семејство на Клинички
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Пцуење, па извадил нож, се претставил како полицаец со значка – насилство на скопска обиколница

Претрес.мк
Последни промени 23/03/2025
Претрес.мк
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 20-годишник осомничен за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„На 21 март попладне, на обиколница Скопје во близина на клучката кај Стајковци, извршил грубо насилство врз едно лице и со тоа во јавноста предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.

Поради недоразбирање во сообраќајот, осомничениот управувајќи автомобил “Фолксваген голф” дошол во иста линија со возило “Сеат леон” кое го управувал оштетениот.

Со автомобилот започнал да навлегува во лентата по која се движел оштетениот, па како да е овластен полициски службеник преку својот прозорец на оштетениот му ја покажал полициската значка, која била во возилото и со која бил задолжен неговиот татко – полициски службеник во СВР Скопје.

Оштетениот, мислејќи дека се работи за стоп наредба од овластен полициски службеник, го запрел своето возило и се упатил кон возилото на осомничениот.

Тој излегол надвор, почнал да го пцуе оштетениот, па од фармерките извадил нож на расклопување и го отворил сечивото. Со ножот почнал да замавнува кон оштетениот, нанесувајќи му телесни повреди, по што побегнал.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, имајќи ја предвид пред се опасноста тој да се даде во бегство доколку биде пуштен да се брани од слобода за да ја избегне кривичната одговорност за делото што му се става на товар“, велат од Обвинителството.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Kражба во Аеродром: Украдени сефови, пари, службен печат и мобилни телефони од финансиско друштво
Пожарникар претепан пред противпожарна единица, уапсени две лица
Велешанец избега од Идризово, полицијата веднаш го пронајде и врати зад решетки
Нарачал блиндор врата онлајн – останал без 64.500 денари и без производ
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад