Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: (Видео) Уапсени повеќе од 20 лица, меѓу кои организатори на кобната забава во дискотеката во Кочани
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
МВР го менува работното време за одобренија за патување на деца во странство
МВР
Петмина скопјани приведени поради марихуана
МВР
Од затвор преку мобилна апликација ѝ се заканувал на невенчаната сопруга и нивниот син
МВР
16-годишник сам се пријавил во полиција: Ненамерно го повредил другарот со остар предмет
МВР
12 и 14-годишно момче нападнати во кругот на училиште во Гостивар од 16-годишник
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

(Видео) Уапсени повеќе од 20 лица, меѓу кои организатори на кобната забава во дискотеката во Кочани

Претрес.мк
Последни промени 16/03/2025
Претрес.мк
Сподели

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски соопшти дека 20 лица се уапснеи.

„МВР до овој момент, во врска со овој кривично правен настан има осомничено повеќе од 20 лица. Околу 15 лица се во полициска станица. Дел од осомничените се починати, дел се во болница. Четири лица имаме обезбедено во болница, два члена на бендот, син на сопственик на дискотека, и управител на правното лице кое ја менаџирало дискотеката. Дел од приведените лица кои се во полициска станица, се луѓе кои имаат директна вина во врска со овој крвично правен настан, согласно доказите кои ги имаме собрано. Имаме приведено едно лице кое е организатор на настанот и за кое имаме сомнение дека има директна вина поврзани со овој настан. Исто така, приведени се, поранешен државен секретар во Министерството за економија, поранешен раководител на еден сектор од Министерството за економија. Имаме приведено поранешен директор на Дирекција за заштита на спасување и тројца вработени во рамки на дирекцијата. Дел од приведените во Кочани се луѓе кои биле организатори“, рече Тошковски.

Тој додаде дека разговор е извршен со 25 лица, кои биле сведоци. Потоа, кажа и за лиценцата.

„Легална лиценца за работа, оваа фирма нема. Не би сакал да откривам детали во рамки на оваа истражна постапка. И оваа лиценца, како и многу други работи е поврзана со мито и корупција. И сакам и напоменам на македонската јавност, дека за разлика од претходно, во овој случај имаат име и презиме сите вклучени во рамки на нелегалното издавање на лиценци и ќе одговараат“, додаде Тошковски.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

МВР го менува работното време за одобренија за патување на деца во странство
Петмина скопјани приведени поради марихуана
Од затвор преку мобилна апликација ѝ се заканувал на невенчаната сопруга и нивниот син
16-годишник сам се пријавил во полиција: Ненамерно го повредил другарот со остар предмет
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад