Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Уставниот суд: Институтот „интерпелација” не важи за уставни судии, тоа е упад во самостојноста и независноста
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
(🔴ВО ЖИВО) Петров: Филипче е некомпетентен, а искуството на Црвенковски може да помогне
Претрес
(🔴ВО ЖИВО) Петров: Повлекувањето на Филипче подразбира повлекување на целосното раководство
Претрес
(🔴ВО ЖИВО) Претрес на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, за да го враќаат Бранко? А Македонија?
Претрес
Нападнале 63-годишна жена во Скопје и ѝ ја украле ташната, полицијата приведе 19-годишник и 15-годишник
МВР
(Видео) Пронајден скопјанецот кој возеше по велосипедска патека во Бутел – полицијата го казни
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Брифинг

Уставниот суд: Институтот „интерпелација” не важи за уставни судии, тоа е упад во самостојноста и независноста

Претрес.мк
Последни промени 13/03/2025
Претрес.мк
Сподели

По медиумскиот интерес за став од Уставниот суд во врска со т.н. интерпелации на уставни судии, Судот информира:

Уставот на Република Северна Македонија не предвидува никаква можност за разрешување на уставен судија ниту од страна на законодавната, ниту од извршната власт.

Уставниот суд како орган на Републиката кој ја штити уставноста и законитоста, не подлежи на начелото на поделба на власта. Уставотворецот го поставил Уставниот суд над трите власти затоа што тој е контролор на нивните постапки акти и дејствија.

Самостојноста и независноста на Уставниот суд и уставните судии имаат најсилна уставна гаранција.

Уставот не му дозволува на Собранието на Република Северна Македонија со законски решенија на било кој начин да влијае на надлежностите, начинот на избор, престанокот на функцијата на уставните судии. Овластувањето на Собранието завршува со моментот на избор на уставните судии.

Институтот „интерпелација” предвиден во членот 72 од Уставот, во никој случај не се однесува и не може да се примени за уставните судии. Во спротивно, се губи смислата на Уставниот суд и се прави тешка повреда на Уставот од причина што на тој начин се прави упад во четвртата т.н.уставно-судска власт, во самостојноста и во независноста на Уставниот суд.

Основите за престанок на функцијата уставен судија се предвидени во членот 111 од Уставот. Секоја постапка или дејствие преземено надвор од оваа уставна одредба би претставувало грубо кршење на Уставот, повреда на уставните гаранции за самостојноста и независноста на Уставниот суд.

Уставниот суд укажува, до сите државни органи, дека се должни да се придржуваат на, со Устав утврдените надлежности, бидејќи никој нема повеќе права од оние коишто Уставот му ги доделува. Секој е должен да ја унапредува уставната, правната и политичата култура како основи на едно демкратско општество.

Секој е должен да го почитува Уставот.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

(🔴ВО ЖИВО) Петров: Филипче е некомпетентен, а искуството на Црвенковски може да помогне
(🔴ВО ЖИВО) Петров: Повлекувањето на Филипче подразбира повлекување на целосното раководство
(🔴ВО ЖИВО) Претрес на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, за да го враќаат Бранко? А Македонија?
Нападнале 63-годишна жена во Скопје и ѝ ја украле ташната, полицијата приведе 19-годишник и 15-годишник
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад