Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Обвинителство и судот се обвинуваат кој го спаси Јахоски од притвор во Шутка
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Се проверува одговорноста на тие кои издале дозвола да има склад за отпад во Трубарево, среде населено место
 Предмети
(Видео) Џамбазов откри неочекувана понуда од жена политичар: Подобро претседател во Сретеново отколку на Македонија
Претрес
Тепачка со боксови и клоци заврши со смрт во паркот „Жена борец“, истрага против две лица
МВР
Побаран краткотраен притвор за 4 лица во врска со пожарот во Трубарево
 Предмети
Пратеникот Јанчев од Левица осомничен за сообраќајна несреќа со тешко повредени малолетници: свртел лево, без да се увери дека е безбедно
 Предмети
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
 Предмети

Обвинителство и судот се обвинуваат кој го спаси Јахоски од притвор во Шутка

Претрес.мк
Последни промени 12/03/2025
Претрес.мк
Сподели

Бил татко на четири деца, имал неколку фирми но и татко пратеник од ДУИ и долгогодишен градоначалник на Пласница. Што беше одлучувачко сопственикот на Пуцко Петрол Асмир Јахоски наместо во активен притвор да оди во куќен притвор.

Судот и Обвинителството со различна содржина во соопштенијата меѓусебно се обвинуваат кај кого е вината и различниот аршин при одредување на мерка за обезбедување на Асмир Јахоски и другите осомничени за тендерите за мазут за ТЕЦ Неготино.

Обвинителството вчера соопшти дека побарало притвор за Асмир Јахоски, но судот му определи домашен притвор. Судот пак синоќа информира дека Јавниот обвинител се согласил за промена на предлогот за определување мерка притвор со предлог за определување на мерка куќен притвор, што било прифатено од судијата на претходна постапка. Обвинителството денеска повторно се огласи со став дека тие си барале притвор, но судот не прифатил.

„Судијата на претходна постапка при донесување на одлуката ги имал предвид околностите истакнати во предлогот на обвинителството, но во исто време ги имал предвид и субјективните околности што се на страна на осомничениот, односно дека истиот со одлука на Основен граѓански суд Скопје е старател на неговите четири деца, од кои три се малолетни, дека има оформени цврсти врски со државата и сопствена фирма со повеќе вработени, како и дека неговата здравствена состојба е нарушена за што доставил документација.Судијата на претходна постапка не прифаќајќи го предлогот на обвинителството одлучил на осомничениот да му изрече мерка куќен притвор, а воедно оценил дека се исполнети условите да му биде изречена и мерка на претпазливост – одземање на патна исправа и забрана за издавање на нова патна исправа“, соопшти денеска Обвинителството.

Судот во соопштение вчера објавија дека јавниот обвинител се согласил осомничен за милионски суми да оди во куќен притвор.

„Во однос на осомничениот А.Ј., по произнесување на осомничениот пред судија на претходна постапка Јавниот обвинител се согласи за промена на предлогот за определување мерка притвор со предлог за определување на мерка куќен притвор, што беше прифатено од судијката на претходна постапка”, објави вчера кривичниот суд.

Премиерот Христијан Мицкоски, без да го спомене по име се огласи денес со алузија дека улога одиграл токму шефот на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Ислам Абази, човек кој одамна важи за близок до ДУИ и имаше фотографии со челници на ДУИ.

„За мене се алармантни информациите коишто ги добивам, коишто се поврзани со однесувањето на прв човек на едно обвинителство кога слушнал за акцијата којашто ја спроведуваше МВР и БЈБ пред два дена. Навистина сум шокиран како се однесувал тој човек и како продолжува да се однесува. На нив не им е местото таму. Ако сакаат да бидат дворско-партиски забавувачи, тогаш нивното место не е во Обвинителството, туку во оние големи хациенди коишто се изградени во Западна Македонија, но доколку сакаат навистина да имплементираат правдина, тогаш треба да го сменат своето однесување. Но, тоа што го слушнав како тој човек се однесувал, мислам дека многу скоро од денеска ќе се кае, но тогаш се плашам ќе му биде доцна“, изјави Мицкоски.

Обвинителството вчера по извршените акции отвори истрага против 13 лица и една фирма за сторени кривични дела:злоупотреби и перење пари при набавка на мазут со сомнителен квалитет за државните електрани. Провоосомничен е Ратко Капушевски кој од вчера е во истражниот затвор Шутка заедно со партнерот Ерџан Сулкоски и екс директорот на ЕСМ Адријан Муча. Останатите 8 лица се во куќен притвор. Екс директорот на ЕСМ Васко Ковачевски се уште е во бегство.

Можеби ќе ти се допадне

Се проверува одговорноста на тие кои издале дозвола да има склад за отпад во Трубарево, среде населено место

Побаран краткотраен притвор за 4 лица во врска со пожарот во Трубарево

Пратеникот Јанчев од Левица осомничен за сообраќајна несреќа со тешко повредени малолетници: свртел лево, без да се увери дека е безбедно

Нови детали: Кавадарчанецот пред казино е убиен со клоци и боксови по глава, се обидел да се скрие внатре, но починал

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Се проверува одговорноста на тие кои издале дозвола да има склад за отпад во Трубарево, среде населено место
(Видео) Џамбазов откри неочекувана понуда од жена политичар: Подобро претседател во Сретеново отколку на Македонија
Тепачка со боксови и клоци заврши со смрт во паркот „Жена борец“, истрага против две лица
Побаран краткотраен притвор за 4 лица во врска со пожарот во Трубарево
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад