Семејството на Љупчо Лешко, момче кое загина од струен удар при пуштање на музика на приватна забава во Радишани, јавно и се обрати на обвинителката Тања Трајчева од скопското Обвинителство. Ја прашуваат што се прави седум месеци од почетокот на предистражната постапка, како и дали јавно ќе признае дека од самиот почеток се е тргнато во погрешен правец. Тие обзнануваат дека по седум месеци, дури вчера вештак бил на лице место на настанот. За првпат по трагедијата, тие објавија за кој објект станува збор, а поставија и низа прашања до обвинителката.
„Во случајот кој го водите во предистражната постапка која веќе премина во „ТУРСКА СЕРИЈА“ ние тврдиме дека нашиот син не е починат во несреќен случај туку во причинско-последичен случај заради неисправност на објектот“, вели во објавата Кети Лешко, мајка на загинатиот Љупчо дополнувајќи со: „Обвинителке, кабелот не е крив“.
Целата објава, интегрално во продолжение:
„ЈАВНО ОБРАЌАЊЕ ДО ЈАВНАТА ОБВИНИТЕЛКА ТАЊА ТРАЈЧЕВСКА ОД ОЈО-СКОПЈЕ
Почитувана обвинителке, бидејќи се поминати веќе седум месеци од почетокот на водењето на предистражната постапка поврзана со смртта на мојот син и бидејќи при нашите средби јас и моето семејство не добивавме никакви конкретни одговори, бидејќи сум приморана,ќе морам вака јавно да ви поставам неколку прашања на кои се надевам при нашата следна средба ќе одговорите, или истите повторно ќе ви бидат поставени по службен пат, преку нашиот правен застапник.
Предистрагата за смртта на мојот син кој што според официјални извештаи од релевантни државни институции почина од струен удар пуштајќи музика како DJ во приватен објект во Радишани (Бел Камен) поточно во „Резиденција Стојмирови„ со адреса ул. Радишанска бр.308, започна на 24.07.2024 год. Во врска со истата , барам да ми одговорите на следниве прашања:
– Дали според вас, 7 месеци е нормален период на водење на предистражна постапка за дело со смртни последици и дали воопшто за вас има дело, или нема?
Ова прашање ви го поставувам бидејќи нашите последни неколку средби, завршуваа со ваше кревање на раменици и со одговори како „не знам„ и „ќе видиме што ќе правиме„. Дали е ова заради тоа што јавно признавте дека ПОСТАПКАТА УШТЕ НА САМИОТ ПОЧЕТОК Е ТРГНАТА ВО ПОГРЕШЕН ПРАВЕЦ И ДЕКА ЗА ОВА СЕ ОБИДУВАТЕ ДА СЕ ЗАТСКРИЕТЕ ЗАД ПЛАШТОТ НА СУДСКИОТ ВЕШТАК РУБИН БОШКОВСКИ КОЈ БИЛ ВЕЧЕРТА НА ЛИЦЕ МЕСТО НА НАСТАНОТ?
– Зошто уште истиот ден, т.е. на 23.07.2024 година не дадовте налог да се запечати објектот и да се изврши комплетно електротехничко вештачење на објектот од стручни лица за тоа, кои ќе извршеа проверка и на инсталацијата и на заземјувањето на објектот и ќе побараа важечки и релевантни работни дозволи за вршење на дејност на истиот објект?
– Зошто за вас сеуште нема дело според КЗ , делови од членовите 292 и 288 кога и самата знаете и имате докази дека овој објект се издавал и се издава НА ДИВО, т.е. врши комерцијална дејност за која не плаќа данок на државата а притоа предизвикува и дела против општа сигурност на повеќе лица?
– Зошто на надлежните органи од МВР кои вечерта биле присутни на лице место не сте дале налог да се земат изјави од сите присутни на забавата туку само од неколкумина.
– Зошто после првиот наш контакт кој беше околу 1 месец после немилиот настан не прашавте дали ние имаме некои информации во врска со настанот и дали имаме изјави од сведоци, а претходно никаде ве немаше?
– Зошто изјавите од тие сведоци кои што беа земени после 3 месеци и тоа 2 пати( еднаш во секторот за крвни деликти а потоа и кај вас) не ги гледате како релевантен доказ кој ви докажува дека тој објект има проблем со инсталацијата или зааемјувањето?
– Зошто менувате двајца вештаци кои не ја завршија работата до крај бидејќи не сте им дале точен и прецизен налог околу тоа што треба да се вештачи и како а бевте известена од наша страна?
– Зошто сеуште не подигате обвинение кога знаете какви одговори ќе добиете после прашањата поставени од нашиот стручен соработник, особено околу непостоењето на СТРУЈНО ДИФЕРЕНЦИЈАЛНА СКЛОПКА која е задолжителна во секој објект за комерцијални намени и игра голема улога во спречување на струен удар.
– Зошто се обидувате кривицата на сопствениците на објектот да ја прикажете како несреќен случај, со изговор деке едниот продолжен кабел имал скршен контакт за заземјување, а не земате во предвид дека токму од такви причини објектот треба да има посебна работна дозвола по поставени европски стандарди кои ги има прифатено и нашата држава?
– Како вие вината не ја наоѓате во објектот кога и техничката опрема која ја нуди сопственикот на објектот не е наменета за такви настани туку за домашна употреба? (Појачало со двожилен струен кабел кое нема заземјување).
– Како шетањето на струја по линија на помал отпор по вода и метал за вас и вашите вештаци не претставува проблем?
– ЗОШТО ВЕЧЕРТА КОГА СЕ СЛУЧИ НЕМИЛИОТ НАСТАН ВИЕ ПРИСТИГНАВТЕ ПОСЛЕДНА НА ЛИЦЕ МЕСТО ДУРИ ПОСЛЕ 4 ЧАСА?
– Зошто вие не се сомневате на поткуп кога и самата знаете дека кога пристигнавте внатре во објектот беа само двајца полицајци, инспектор од крвни деликти и споствениците на објектот?
– Зошто според вас нема дело кога ви доставивме и докази дела истиот сопственик многу пати е пријавуван за нарушување на ЈРМ од неговите соседи а не е реагирано од П.С. Чаир?
– Дали за вас исто така не е доволно да подигнете постапка кога имате изјави од сведоци дека уште самата вечер пред мртвото тело на мојот син е правен компромис да славениците на двата родендени кажат дека НЕ ГО ИЗНАЈМИЛЕ ОБЈЕКТОТ ТУКУ ДЕКА Е ПРИВАТНА ЗАБАВА И ДЕКА ЌЕ ИМ БИДАТ ВРАТЕНИ ПАРИТЕ , при што едниот славеник не се согласува и не дава таква изјава?
– Зошто упорно и тврдоглаво не подигнувате обвинение кажувајќи дека кабелот е крив небаре ова е „тетовската болница“ а не го барате стандардот за заштита од струјни удари кои мора да ги поседува секој објект.
ПОЧИТУВАНА ОБВИНИТЕЛКЕ, КАБЕЛОТ НЕ Е КРИВ!!! После сите овие поставени прашања сакам само да додадам дека според нас вие на овој случај и на оваа постапка постапувате со ПРИСТРАСНОСТ кон другата страна.
Уште поголем сомнеж за ова тврдење ни дава и фактот дека одбегнувате комуникација со нашиот правен застапник, Адвокат М-Р Владимир Туфегчиќ со изговор дека нема што да му кажете.
Е па почитувана обвинителке ние имаме што да кажеме.
Во случајот кој го водите во предистражната постапка која веќе премина во „ТУРСКА СЕРИЈА“ ние тврдиме дека нашиот син не е починат во несреќен случај туку во причинско-последичен случај заради неисправност на објектот „РЕЗИДЕНЦИЈА СТОЈМИРОВИ„.
Инаку овој објект на ДИВО се издава на позната Instagram адреса RESIDENT_STOJMIROV каде што како менаџери се јавуваат лицата ЗОРАН СТОЈМИРОВ И СТЕФАН СТОЈМИРОВ.
Почитувана обвинителке, после седум месеци, веќе немаме доверба во ниеден извештај кој ќе го добиеме од ваша страна, затоа што ја утнавте работава. Со самото незапечатување на објектот дозволивте компромитирање на докази од првиот момент. Изговорот дека вас ви кажале дека се било таму завршено и дека вештакот наредниот ден бил на службен пат , НЕ ПОМИНУВА!
За еден немил настан со едно дете врз кое што за жал падна дрво, веднаш се превземаа сите мерки според закон и правилник за работа, а за нашиот случај немате сеуште одговор.
За сето горе наведено повелете доле слики од сопствениците и изјави од соседи и со жалење ќе морам да ве информирам дека за сето ова некој ДЕБЕЛО ЌЕ ОДГОВАРА. СРДЕЧЕН ПОЗДРАВ!“.