Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: (Видео) Сведоштво за скандалот на Урологија: Тоа беше урлање, сите беа затечени и уплашени
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
(Видео) Сузбиена криминална група поврзана со тероризам и недозволена трговија со оружје во Скопје: Пронајдени автоматски пушки, муниција и официјално знаме на ИСИС
МВР
43-годишен маж пронајден починат во автосервис во Битола
МВР
Физички нападнал 21-годишник и му се заканувал со огнено оружје, приведен 62-годишник
МВР
Возел со 2,92 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка во Тетово, приведен 66-годишник
МВР
Десет лица упасени, кај нив пронајдена дрога
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Претрес

(Видео) Сведоштво за скандалот на Урологија: Тоа беше урлање, сите беа затечени и уплашени

Претрес.мк
Последни промени 27/02/2025
Претрес.мк
Сподели

Ивана Ачимовиќ, која со нејзиниот дедо чекала за преглед кај доктор на Клиниката за урологија и го снимила како тој хистерично вика, пред камерите на „Претрес“ раскажа што се случило. Го однела нејзинот дедо кој има тежок вид на канцер и не може да се оперира, а бил со оток и болки. Влегла и објаснила дека пациентот е во тешка состојба, а дека надвор сите пациенти се тн „стоечки пациенти“ и замолила да биде примен.

„Се согласувам дека секој таму има проблем, но во медицината, бидејќи сум студент по медицина и наскоро ќе бидам доктор, притоа и медицинска сестра со искуство, постои медицинска тријажа. Влегуваат пациентите во потешка состојба, однсоно надордски кажано, пациенти што стојат и пациенти во количка. Докторот рече ќе го прими, поминаа саат време. Потоа влезе мојата баба да го праша, но од надвор, од пред амбуланата слушнав како вика на нејзе. Но тоа не беше гласен говор, тоа беше урлање, морам жаргонски да се изразам. Потоа влегов внатре, со персирање и без никакви навреди, го прашав од каде му право да вика на баба од 70 години? Почна и на мене да вика, ја гурна вратата покрај која бев јас, со тоа мене ме гурна мене, а јас баба ми. Ја фатив вратата и прашав дали доликува вакво однесување на еден доктор, по што тој почна хистерично да се однесува. Кога се оддалечи од мене, јас го земав телефонот да снимам. Немаше никаков напад, неговите колеги стоеја и гледаа, а ако имаше напад, веројатно и тие ќе се тргнеа, немаше да стојат покрај мене“, рече Ачимовиќ.

Потоа докторот почнал да вика, што се гледа и од снимката. Неговите колеги долше да ја смируваат. Пациентот бил примен потоа од три уролози и истретиран.

„Сите беа затечени и уплашени. Она викање не е нормално како кога некој е изнервиран, тој почна многу гласно да се дере. Медицинскиот персонал беше во шок. Никој тоа не го очекуваше“, додаде таа.

„Скопје1“ упати прашања до докторот посочен од Ачимовиќ, за тоа, што довело до вакво хистерично викање, дали чувствува одговорност и дали се извинил – на што не добивме одговор. Тој вчера бил поканет и во поткастот „Претрес со Ландов“, за да објасни што се случило – но не одговорил на поканата, ниту на повиците.

Целиот разговор во „Претрес со Ландов“:

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

(Видео) Сузбиена криминална група поврзана со тероризам и недозволена трговија со оружје во Скопје: Пронајдени автоматски пушки, муниција и официјално знаме на ИСИС
43-годишен маж пронајден починат во автосервис во Битола
Физички нападнал 21-годишник и му се заканувал со огнено оружје, приведен 62-годишник
Возел со 2,92 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка во Тетово, приведен 66-годишник
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад