Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Љупчо Коцевски ситно брои до заминувањето, побавна е постапката за избор на нов државен обвинител
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Почина повредениот во кој вчера беше пукано во Штип-во бегство е лицето кое пукаше
 Предмети
(Видео) Снимка од пукањето во Штип, но и бркањето на пукачот по автопат
Новости
(Видео) Пукање во Штип, едно лице се бори за живот
Новости
Скопјанец осуден откако коментирал под објави на портал и поттикнал омраза кон ЛБГТ заедницата
 Предмети
(Видео) Адвокатот на Кешишев не очекува доживотен затвор за неговиот клиент
Претрес
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Судии и обвинители

Љупчо Коцевски ситно брои до заминувањето, побавна е постапката за избор на нов државен обвинител

Претрес.мк
Последни промени 24/02/2025
Претрес.мк
Сподели

Владата одлучи, Љупчо Коцевски не ги задоволи критериумите за ефикасно обвинителство, направи процедурални пропусти и затоа на брза лента ја води постапката за негово разрешување. Иако некои познавачи на материјата не се убедени во законитоста на постапката бидејќи сметаат дека не се исполнети ниту еден од условите за предвремено разрешување на Коцевски, (не е член на политичка партија и не е јасен критериумот по кој ќе се оцени дека направил тежок прекршок), никој веќе не верува дека Коцевски може да се спаси. Доколку не му се покрене и дисциплинска постапка за разрешуавње, се уште актуелниот државен обвинител може да ќари плус три години да правораздава, наместо да се пензионира. Летото минатата година тој наполни 64 години што значи може уште две и пол години да остане во ЈОРМ и да ја чека пензијата.
Владата го повикуваше да даде сам оставка Коцевски засега не покажува желба да го стори тоа и упорно чека да му се докаже тешка повреда во работењето.

Иако измените во Законот донесени во 2020 година требаше да бидат брана и да сопрат разрешување на државниот обвинител со промена на власта сепак се покажа дека законските одредби не се до крај прецизни, бидејќи побрзо и поедноставно е да разрешите отколку да изберете нов државен обвинител.

Членовите од Законот за Јавното обвинителство покажуваат дека Коцевски ќе биде разрешен релативно брзо од страна на Собранието а по предлог од Владата. За избор на наследник на Коцевски задолжително е позитивно мислење за еден од кандидатите што ќе се јават на оглас, кое го дава Советот за јавни обвинители. Ваквото мислење не е обврзувачко кога се прави разрешување. Законодавецот предвидел и изборот и разрешувањето да бидат со исто мнозинство, позитивен глас од 61 пратеник.

Во образложението на Министерството за правда зошто е потребно разрешување на Коцевски стои:

„Во изминатиот период бевме сведоци на низа скандали, нарушена функционалност на Јавното обвинителство, нарушени меѓучовечки односи, незаконски постапувања и корупција, неефикасност во кривичното гонење и повреда на принципите на организација на Јавното обвинителство и самостојноста во вршењето на функциите на обвинителите во Вишото јавно обвинителство. Државниот јавен обвинител на Република Северна Македонија постапувал во предмети во кои согласно законските одредби постоеле околности кои предизвикуваат сомневање во неговата непристрасност, како и судир на интереси, а за кои околности тој требало да знае и требало да се изземе. Воедно, во јавноста беа лиферувани и информации и податоци за предмети, со што е повредена обврската за тајност во постапките“.

Владата предлогот за разрешување на Јавниот обвините треба да го разгледа на утрешната седница и да го достави до Советот на јавни обвинители кој е должен во рок од 15 дена од денот на приемот на предлогот, до Владата да достави образложено позитивно или негативно мислење во писмена форма.

Ако Советот на јавни обвинители од оправдани причини во определениот рок не достави мислење до Владата , рокот од 15 дена се продолжува за уште 15 дена. Ако и во овој рок Советот на јавни обвинители не достави мислење, се смета дека не го поддржува предлогот на Владата. Но ова не менува ништо и предлогот за разрешување и со негативно мислење и без мислење патува до Законодавниот дом, каде владеачкото мнозинство е комотно во одлучувањето.

За наследникот на Коцевски може постапката да се проблематизира бидејќи според законот задолжително е позитивно мислење на Советот на јавни обвинители за личноста или личностите кои се јавиле на огласот и ги исполнуваат условите. Владата од предложените кандидати од Советот се определува за еден кандидат кој го бираат пратениците со минимум квалификувано мнозинство.Државниот обвинител со задолително 10 годишно искуство доаѓа од редовите на обвинителите и судиите.

Можеби ќе ти се допадне

(Видео) Не може да зборуваме за независно судство, кога финансирањето е преку Владата, смета Камбовски, претседател на Судски совет

(Видео) Сѐ помалку судии и службеници, сѐ повеќе предмети – првиот човек на Кривичен тука го гледа проблемот со ефикасноста на судот

Пајазит Пајазити останува судија, казнет само 30% од плата за тоа што го пушти Блерим Рамадани од притвор, па тој избега

Судијата Ељведин Ферати преполагал за да му ги пречкртаат оценките и заменат со нови – Обвинителството нема да го гони

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Почина повредениот во кој вчера беше пукано во Штип-во бегство е лицето кое пукаше
(Видео) Снимка од пукањето во Штип, но и бркањето на пукачот по автопат
(Видео) Пукање во Штип, едно лице се бори за живот
Скопјанец осуден откако коментирал под објави на портал и поттикнал омраза кон ЛБГТ заедницата
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад