Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Се бара притвор за ексдиректорот на СОЗР, Пеце Мирчевски – познати сите детали од истрагата
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Двајца турски државјани со закани земале 43,8 килограми злато од гостиварско семејство и го принудиле да потпише договор за имот
МВР
Вработен во банка во Гевгелија неовластено пристапувал до сметки на двајца клиенти и присвоил речиси 5 милиони денари и над 63.000 евра
МВР
Девет лица приведени во Батинци по тепачка со камења, оштетено и полициско возило
МВР
Турнал скала на која бил работник на ЕВН, па со тврд предмет го нападнал другиот вработен
МВР
Пожар во автобус на ЈСП кај Цветово: Возачот реагирал навреме и го изгаснал
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Новости

Се бара притвор за ексдиректорот на СОЗР, Пеце Мирчевски – познати сите детали од истрагата

Претрес.мк
Последни промени 06/02/2025
Претрес.мк
Сподели

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица – едно осомничено за продолжени кривични дела – Примање поткуп од член 357 став 1 и Проневера во службата од член 354 став 3 во врска со став 1, додека другото е осомничено за продолжено Давање поткуп од член 358 став од Кривичниот законик.

Првоосомничениот, во периодот од 09.06.2021 година до 13.06.2024 година, во својство на службено лице – директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија, во повеќе наврати искористувајќи исти прилики, примил друга корист за себе и за својата сопруга за да изврши службено дејствие што не би смеело да го изврши.

Тој не го пријавил постоењето на судир на интереси, односно потпишувал изјави за непостоење на судир на интерес и не се изземал во постапките за вкупно 5 јавни набавки на кои била избрана фирмата сопственост на второпријавениот, иако во текот на целиот тој период остварувал директна материјална корист за себе и за својата сопруга. Така тој за лични потреби и цели без надомест користел патничко моторно возило “Фолксваген пасат” сопственост на фирмата, а неговата сопруга дополнително користела услуги за превоз со возила и возачи.

Осомничениот и откако бил разрешен од функцијата директор на Службата за општи и заенички работи на Владата на Република Северна Македонија, од фирмата сопственост на второпријавениот продолжил да остварува директна материјална корист за себе и за својата сопруга, па за лични потреби и цели, без надомест, продолжил да го користи патничкото моторно возило “Фолксваген пасат”, како и уште едно возило марка “Ауди Q8”, за што му е поведена скратена постапка и согласно ставот 3 на кривичното дело – Примање поткуп.

Второосомничениот, во својство на сопственик и управител на правното лице, во повеќе наврати во период од три години, на службеното лице му давал друга корист за него и за друг за да изврши службено дејствие што не би смеело да го изврши, односно да не се изземе од постапките и да ги потпише договорите за јавни набавки.

Во периодот од 01.01.2022 до 13.06.2024 година, во повеќе наврати, со намера да прибави за себе или за друг противправна имотна корист, осомничениот директор присвоил и пари во значителен износ од 1.792.859 денари. Имено, тој потпишувал барања за резервација на хотелско сместување, барања за резервација на авио билети, решенија за упатување на службен пат во странство и налози за службен пат во странство, во кои прикажувал невистинити податоци дека се работи за службени патувања и за службени потреби и цели и со тоа овозможил за себе и за други лица вработени во Службата да се стекнат со имотна корист и го оштетил Буџетот на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија за наведениот износ, со што е осомничен дека извршил проневера во службата.

Исто така, за првиот осомничен, поведена е скратена постапка и за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 3 во врска со ставовите 2 и 1 од Кривичниот законик. Во периодот од 27.10.2023 заклучно со 14.06.2024 година, во својство на директор и одговорен менаџер на Авио службата при Службата за општи и заеднички работи, тој несовесно постапил во вршењето на своите овластувања и должности и со тоа нанел штета на Буџетот на Република Северна Македонија во износ од 3.444.615 денари. Иако знаел дека пилотот вработен во Службата за општи и заедничи работи не ги исполнува условите за капетан – водач на воздухоплов, му овозможил на лицето да му биде исплаќан месечен надоместок по основ на плата за тоа работно место.

Поради опасност од бегство и можност за влијание врз сведоците во постапката, пред се вработени во Службата за општи и заеднички работи кои допрва треба да бидат испитани, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за првиот осомничен.

За второосомничениот обвинителството предлага мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето; обврска да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државна граница или забрана за нејзино издавање, како и забрана да остварува каков било контакт со другиот обвинет во текот на постапката.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Двајца турски државјани со закани земале 43,8 килограми злато од гостиварско семејство и го принудиле да потпише договор за имот
Вработен во банка во Гевгелија неовластено пристапувал до сметки на двајца клиенти и присвоил речиси 5 милиони денари и над 63.000 евра
Девет лица приведени во Батинци по тепачка со камења, оштетено и полициско возило
Турнал скала на која бил работник на ЕВН, па со тврд предмет го нападнал другиот вработен
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад