Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: (Видео) „Страшно е!“ – пациентка раскажа како сама се снаоѓала за биолошка терапија оти немало на Онкологија
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
(Видео) Приведен осомничен за измама од над 88.000 евра
МВР
Уапсени седум возачи: петмина возеле без возачка дозвола
МВР
Четири лица уапсени во струмичко, пронајдена марихуана при претрес
МВР
43-годишен маж сам се повредил со воздушна пушка, итно пренесен во болница
МВР
Уапсени три лица: вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Претрес

(Видео) „Страшно е!“ – пациентка раскажа како сама се снаоѓала за биолошка терапија оти немало на Онкологија

Претрес.мк
Последни промени 23/01/2025
Претрес.мк
Сподели

Пациентка на Онкологија во поткастот „Претрес со Ландов“ раскажа за моментите кога на Клиниката немало терапија, а циклусот на лекување не смеела да го прекине. Посочи дека сама се снаоѓала, а државата никогаш не и ги вратила парите. Таа поминувала низ патешествија, наоѓајќи начин за терапијата да ја донесе безбедно на Клиниката. Таа прима „авастин“ – биолошка терапија.

„Сега во моментот ја има, две години ја примам. Во овие две години имаше моменти кога ја немаше, беше страшно, а не смееше да се прекине циклусот на примање. Затоа четири пати бев изложена да си ја купувам приватно. Тие четири пати ја набавував приватно, од друга институција, со документи, со профактури и тн. Со нагласено од докторот дека е приватно набавена, а тука аплицирана. Кога си ја побарав од Фондот, до ден денес, си ги барам тие пари. Фондот не ми ги враќа, односно не ме удостојуваат ни со одговор. Не да ме одбијат и да кажат дека ја нема на позитивна листа, туку нема одговор“, вели пациентката која сакаше да остане анонимна.

Посочи дека гужвите низ ходниците се страшни.

„Во моментите кога ќе влезеш во дневната болница, почнуваш да се чувствуваш пријатно. Имаш чувство дека сите сакаат да ти помогнат, меѓутоа додека чекаш во ходникот, за да стигнеш до дневната болница е страшно. Страшна гужва, едноставно со часови чекаш, исцрпува. Тука за самата институција, сигурна сум дека подобро може да се организира се тоа што се случува надвор во ходниците. Едно време слушнавме дека се работи во две смени, меѓутоа, така работи дневната болница. Ако така работат и докторите – ќе биде порастеретено“, вели пациентка која се бори со канцер, а сакаше да остане анонимна.

Гужви, хаос низ ходниците, борба на вработените. Еве од прва рака како изгледа лекување на Онкологија:

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

(Видео) Приведен осомничен за измама од над 88.000 евра
Уапсени седум возачи: петмина возеле без возачка дозвола
Четири лица уапсени во струмичко, пронајдена марихуана при претрес
43-годишен маж сам се повредил со воздушна пушка, итно пренесен во болница
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад