Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Претреси во Скопје, уапсени дилери на дроги и оружје
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Осуммина завршија во притвор по истрагата за финансискиот криминал во УЈП
МВР
Семејна драма во Чучер Сандево: маж со автомат се заканувал дека ќе ја убие сопругата и ќерките
 Предмети
(Видео) Криел 9 пиштоли во кровот на автомобилот, спречен обид за шверц на оружје на Богородица
Новости
Лажни СМС-пораки и мејлови демнат граѓани: Апел од МВР за зголемена внимателност, по над 50 пријави за интернет измами
МВР
Провала и кражба во трговски центар во Скопје
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Претреси во Скопје, уапсени дилери на дроги и оружје

Претрес.мк
Последни промени 18/01/2025
Претрес.мк
Сподели

Денеска од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје- Единица за недозволена трговија со дрога, во содејство со Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје, Одделение за потраги и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, постапувајќи по наредби на јавен обвинител од ОЈО Скопје, презедоа координирани мерки и активности со цел сузбивање на продажба на наркотични дроги и лишување од слобода на лица за кои постојат докази за инволвираност во продажба на наркотична дрога. На подрачјето на Скопје, врз основа на претходно издадени наредби од Основен кривичен суд Скопје, извршени се претреси на домови на неколку локации.

Извршен е претрес во дом на Н.З.(47) во Скопје, при што се пронајдени една пушка “црвена застава”, една ловна пушка, една воздушна пушка, еден тромболски додаток, пет цевки од огнено оружје, една цевка со механизам за окинување, осум патрони за ловна пушка, куршум, делови од огнено оружје и пет мобилни телефони. Н.З. е лишен од слобода и во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка по чл. 396 од КЗ.

Извршен е претрес и кај А.А.(31)во Скопје и при претресот пронајдена е марихуана и мобилен телефон. А.А. е лишен од слобода, а претходно, во текот на истрагата се обезбедени материјални докази за вршење на кривичното дело по член 215 од КЗ.

Исто така, извршен е претрес кај Р.Ш.(33), за кого претходно биле распишани шест централни потерници и локален распис поради бегство од затвор и за истраги за повеќе кривични дела. При постапувањето на полициските службеници, Р.Ш. се дал во бегство, но по кратко време е пронајден и лишен од слобода од страна на Единицата за интерветна полиција. При претресот во неговиот дом и дворот на куќата пронајдена е марихуана и дигитална вага. По завршување на претресот лицето веднаш е предадено во Затвор Скопје, а по документирање на случајот ќе биде поднесена и кривична пријава по чл.215 од КЗ.

Исто така, во соодејство со затворска полиција од КПУ Идризово извршен е претрес во КПУ Идризово, во соба каде што издржува казна затвор Н.Ш.(45) од Скопје и при тоа во ќелијата пронајден е мобилен телефон кој го користел Н.Ш., а во другите простории кои ги користеле осудени лица биле пронајдени мобилни телефони.

Против Н.Ш. и А.А. ќе биде поднесена кривична пријава по чл.215 од КЗ, по претходно обезбедени материјални докази за инволвираност во недозволена трговија со дрога.

Можеби ќе ти се допадне

Осуммина завршија во притвор по истрагата за финансискиот криминал во УЈП

Лажни СМС-пораки и мејлови демнат граѓани: Апел од МВР за зголемена внимателност, по над 50 пријави за интернет измами

Провала и кражба во трговски центар во Скопје

Полициски акции во Скопје, Штип и Горно Количани против нарко-криминал

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Осуммина завршија во притвор по истрагата за финансискиот криминал во УЈП
Семејна драма во Чучер Сандево: маж со автомат се заканувал дека ќе ја убие сопругата и ќерките
(Видео) Криел 9 пиштоли во кровот на автомобилот, спречен обид за шверц на оружје на Богородица
Лажни СМС-пораки и мејлови демнат граѓани: Апел од МВР за зголемена внимателност, по над 50 пријави за интернет измами
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад