Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: МВР го гони ексначалникот на единицата за компјутерски криминал: познати деталите
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
12 возачи уапсени за безобѕирно управување, осум возеле без возачка дозвола
МВР
5.628 лица уапсени во акцијата „Чистач“, запленети дрога и оружје
МВР
Му дошле четворица пред домот и впериле пиштол кон него и неговиот син
МВР
Го нападнал малолетниот син на неговата вонбрачна партнерка, уапсени 35-годишен маж
МВР
Малолетници со алат обиле службени простории и украле пари од дневниот промет
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

МВР го гони ексначалникот на единицата за компјутерски криминал: познати деталите

Претрес.мк
Последни промени 18/12/2024
Претрес.мк
Сподели

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Р.А. од Скопје поради постоење основи за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластувања“ по член 353 од Кривичниот законик.

Од МВР велат: Пријавениот, вработен како началник на Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, во периодот од октомври 2022 година до јуни 2024 година, во месечни интервали и континуирано, две вработени со статус на овластено службено лице на работно место виш документарист во единицата, со кој што раководи, ги предвидувал и одобрувал во плановите и групите за домашно дежурство како извршители.

Пријавениот, постапувајќи спротивно на одредбите од Колективниот договор на МВР за домашно дежурство, на вишите документаристи кои немаат статус на полициски службеници им овозможил да бидат ангажирани за домашно дежурство, со што се стекнале со противправна имотна корист од 79.804 денари и за тој износ го оштетил буџетот на Министерството за внатрешни работи.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, согласно своите надлежности и овластувања, ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и полицискиот службеник ќе биде суспендиран од своето работно место.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

12 возачи уапсени за безобѕирно управување, осум возеле без возачка дозвола
5.628 лица уапсени во акцијата „Чистач“, запленети дрога и оружје
Му дошле четворица пред домот и впериле пиштол кон него и неговиот син
Го нападнал малолетниот син на неговата вонбрачна партнерка, уапсени 35-годишен маж
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад