Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Детали за терористичката група: „Имале поддршка од екстремистички групи, за да прават несакани настани во Македонија“
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Работничка тешко повредена во фабрика во Охрид, итно префрлена во Скопје
МВР
Во Велес фатени двајца мажи со пушка и над 300 куршуми што се третираат како културно наследство
МВР
Четворица возеле со активна забрана, седум без возачка дозвола
МВР
Го нападнал татко си, па му ја запалил колата, приведен 40-годишен скопјанец
МВР
Вработен во „Комунална хигиена“ натепал колега од внатрешна контрола
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Детали за терористичката група: „Имале поддршка од екстремистички групи, за да прават несакани настани во Македонија“

Претрес.мк
Последни промени 15/12/2024
Претрес.мк
Сподели

Уапсени се четири лица под сомнение дека планирале да сторат тероризам, посочи министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Според неговата изјава, тие со лица кои не се во Македонија, планирале „несакани настани“. Изминатата вечер МВР разби терористичка група во струшко-гостиварскиот регион. Се уште се постапува, а акцијата е под палка и на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

„Станува збор за терористички организации, четири лица се лишени од слобода. Тие, во соработка со лица кои не се на територијата на Македонија, подолг временски период се следат од страна на надлежните безбедносни органи и во соработка со меѓународните пријатели е постапено координирано. Имаме доста докази во насока на поткрепено основано сомнение дека овие лица постапувале во насока да организираат во иднина одредени несакани настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста како на Македонија, така и на други држави. Нивната цел била да индоктринираат останати луѓе од Балканот кои би можеле да делуваат соодветно во насока на реализација на нивните цели“, рече Тошковски и додаде:

„Кривичното дело за кое е поднесена пријава е ‘терористичка организација’, а во однос на мотивите имаме основани сомненија дека се поврзани со одредени групации кои се во поддршка на одредени екстремистички и религиозни групи“.

Од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за „Скопје1“ посочуваат дека по случлајот се уште се постапува, се вршат претреси, се обезбедуваат докази. Детали најавија во текот на утрешниот ден.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Работничка тешко повредена во фабрика во Охрид, итно префрлена во Скопје
Во Велес фатени двајца мажи со пушка и над 300 куршуми што се третираат како културно наследство
Четворица возеле со активна забрана, седум без возачка дозвола
Го нападнал татко си, па му ја запалил колата, приведен 40-годишен скопјанец
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад