Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Маж и жена изгореа во пожар во скопско Морани: соседите не можеле да ги спасат зошто немало вода во населбата
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Човечки леш пронајден во канал во близина на здравствена установа во Бардовци
МВР
Му побарале 300.000 денари за да ѝ ги покажат на сопругата на еден од измамниците, а како гаранција му оставиле чанта со наводни 10.000 евра – која била празна
МВР
60-годишник повреден на работното место, пренесен во „Св. Наум Охридски“
МВР
31-годишен маж украл детски четрицикл
МВР
Маж ја нападнал сопругата, па пробал да избега од полиција
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Маж и жена изгореа во пожар во скопско Морани: соседите не можеле да ги спасат зошто немало вода во населбата

Претрес.мк
Последни промени 14/11/2024
Претрес.мк
Сподели

Маж и жена загинаа откако нивната куќа изгорела во пожар во скопската викенд населба Морани. Соседите не можеле да им помогнат поради тоа што немало вода во населбата поради уличен дефект, објави Плусинфо.

Пожарот избувнал рано изутрина, а соседите веднаш ја алармирале пожарната служба. Меѓутоа, обидите на локалните жители да го изгаснат пожарот биле неуспешни, бидејќи водата од водововот била недостапна. Пожарникарите кои пристигнале на местото на настанот ги нашле телата на двајцата загинати, кои не успеале да се спасат од огнената стихија.

– Рано утринава околу 4 часот во СВР Скопје е пријавено дека во селото Морани, во викенд населбата гори куќа, сопственост на Р.Н. (66). На лице место се упатени полициски службеници и екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Во куќата се пронајдени две тела, а по наредба на јавен обвинител, телата се предадени за обдукција. Во 09.30 часот пожарот бил изгаснат, велат од полицијата за Плусинфо.

Причината за пожарот сè уште не е утврдена. Полицијата спроведува истрага за целосно разјаснување на настанот.

Од ЈП Водовод и канализација утрово соопшија дека 08 часот без вода ќе бидат корисниците од викенд населбата Морани поради уличен дефект на улицата 6/бб.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Човечки леш пронајден во канал во близина на здравствена установа во Бардовци
Му побарале 300.000 денари за да ѝ ги покажат на сопругата на еден од измамниците, а како гаранција му оставиле чанта со наводни 10.000 евра – која била празна
60-годишник повреден на работното место, пренесен во „Св. Наум Охридски“
31-годишен маж украл детски четрицикл
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад