Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: (Видео) Душо моја, кај и да си дај ми еден позитивен сигнал дека си жива, нашите ќерки, јас, те очекуваме, вели Стево, сопругот на Лидија
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Почина повредениот во кој вчера беше пукано во Штип-во бегство е лицето кое пукаше
 Предмети
(Видео) Снимка од пукањето во Штип, но и бркањето на пукачот по автопат
Новости
(Видео) Пукање во Штип, едно лице се бори за живот
Новости
Скопјанец осуден откако коментирал под објави на портал и поттикнал омраза кон ЛБГТ заедницата
 Предмети
(Видео) Адвокатот на Кешишев не очекува доживотен затвор за неговиот клиент
Претрес
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

(Видео) Душо моја, кај и да си дај ми еден позитивен сигнал дека си жива, нашите ќерки, јас, те очекуваме, вели Стево, сопругот на Лидија

Претрес.мк
Последни промени 13/11/2024
Претрес.мк
Сподели

Петти ден се трага по исчезнатата Лидија Трајковска од скопско Јурумлери. Сопругот на исчезната Лидија, Свето Трајковски моли за помош за било каква информација. Вели дека немам никаква причина за да неговата сопруга исчезне, пренесе ТВ 24.

Последен пат била забележана на камери во 5 часот наутро во петокот на автобуска постојка во село Јурумлери.

„Душо моја, срце мое, кај и да си дај ми еден позитивен сигнал дека си жива. Прати ни нешто, барем некој сигнал, прати ни абер. Ти не би направила ништо за да не уништи нас. Нашите ќерки, јас, те очекуваме. Дај ни барем еден сигнал – јави се од некаде. Нашата надеж уште постои. Ти си жива и ќе бидеш жива, ние ќе го продолжиме животот јави се каде и да си душо моја“, вели Свето Трајковски, сопруг на исчезнатата Лидија Трајковска.

Братот на Лидија, Александар вели дека по неговата сестра трагаат и дење и ноќе. Денеска во раните утрински часови ја барал неговата сестра околу Соборниот храм по претходни дојави дека била забележана во тој реон. Апелира до МВР д апокрај дронови да се вклучат и кучиња трагачи но и нуркачи кои би ја барале Лидија во реката Вардар.

„Бараме помош од цела држава, од секаде. Сестрами веќе петти ден никаде ја нема – никаде. Значи бараме помош да се пуштат нуркачи во Вардар да видиме дали е таму. Значи најдовме кутија цигари од нејзе, нејзин упалјач. Што кажуваат таму џемпер – тој џемпер не е нејзин. Само цигарите азната кутија цигари и нејзиниот упалјач, друго нема. Ние деноноќно ја бараме, не знаеме веќе каде да одиме. Еве сега ќе тргниме пак да ја бараме од Огњанци према Лисиче нагоре по Вардар. Ги молам од МВР, нека ги пуштат од ЕБР, кучиња трагачи да видиме некој траг да се најде.Сабајлево накај 4 часот бевме накај Соборна, вчера цел ден бевме таму, завчера добивме дојава дека сестрами била видена околу 20 минути до 6 часот. Отидовме таму, секаде, 30 души ја баравме. Секое ќоше е проверено, секоја дупка, секој простор проверен – значи не најдовме ништо од нејзе. Тие се прекрасна фамилија, 26 – 27 години се во брак, имаат 3 ќерки, 2 внучиња сега уште малку здравје боже уште едно внуче треба да добијат“, вели Александар Јоциќ, брат на исчезнатата Лидија Трајковска.

Од МВР информираат дека интензивно трагаат по исчезнатата Лидија и дека во потрагата искористен е дрон. Сопругот на Лидија вели дека со сопругата живееле среќно и дека немале никакви проблеми.

„Петти ден ја нема жена ми. Имаме прекрасна фамилија, 3 ќерки, 2 внуки. Животот ни беше идеален, прекрасен, не знам што се случува и како дојде до ова не знам“, вели Свето Трајковски, сопруг на исчезнатата Лидија Трајковска.

Од Министерството за внатрешни работи упатија апел до јавноста за соработка и повикаа секој што има каква било информација за исчезнатата Лидија Трајковска да се јави во полиција.

Можеби ќе ти се допадне

61-годишен гостиварец избодел млад возач по кавга ради сообраќај

Полицијата трага по 16-годишно девојче од Скопје, мајката ја пријавила дека не се вратила дома

Скопјанец пронајден мртов во неговиот дом во Бутел

Струмичанец со нож се обидел да избоде полицајци откако го фатиле со нерегистирано возило, а и алкохолизиран

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Почина повредениот во кој вчера беше пукано во Штип-во бегство е лицето кое пукаше
(Видео) Снимка од пукањето во Штип, но и бркањето на пукачот по автопат
(Видео) Пукање во Штип, едно лице се бори за живот
Скопјанец осуден откако коментирал под објави на портал и поттикнал омраза кон ЛБГТ заедницата
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад