Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Бегство и пукање во затворот во „Шутка“: Осуденик враќан од суд, ги избуткал полицајците и прескокнал ограда
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Во недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради улична трка
МВР
Кривична пријава против гостиварец за напад врз сопругата и ќерката
МВР
Со картичка и полномошно на починат сопруг подигала пари од негова банкарска сметка
МВР
Жител на Боговиње испраќал заканувачки пораки и барал пари преку социјални мрежи
МВР
Велешанка измамена преку лажна СМС порака за сообраќаен прекршок, оштетена за над 16.000 денари
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Брифинг

Бегство и пукање во затворот во „Шутка“: Осуденик враќан од суд, ги избуткал полицајците и прескокнал ограда

Претрес.мк
Последни промени 24/10/2024
Претрес.мк
Сподели

Осуденик од затворот „Скопје“ во Шутка избега при спровод од суд во ќелија. Ова се случило попладнево и тоа откако полицајците кои го обезбедувале го извадиле од затворското комбе и се доближувале кон црната капија, дознава „Скопје1“. Според нашите информации, осуденикот се движел пред тројцата полицајци кои го обезбедувале, но успеал да им се оттргне и да избега. Директорот Бобан Утковски не споделува детални информации за случајот, бидејќи истиот се уште е во фаза на проверки.

„Информацијата за бегството е точно. Се преземаат сите мерки и активности за расчистување на случајот. Лицето избегало при спровод од суд во полуотворениот дел од затворот. Доколку бидат утврдени пропусти при спроводот, ќе следуваат санкции“, вели директорот Бобан Утковски за „Скопје1“.

Станува збор за осуденик кој издржува пет годишна затворска казна, но истовремено, се гони и за други пет дела за кои постапките му се во тек. При враќање од суд, тој се движел пред полицајците, но во дел од секунда скренува десно и почнува да трча кон затворската ограда. Според информации на „Скопје1“, сите тројца полицајци кои го обезбедувале трчале кон него, но ниту еден не го стигнал. Еден од полицајците пукал и во воздух за да го заплаши, но осуденикот не се поколебал.

Доброупатени извори за „Скопје1“ тврдат дека иако го бркале, а само еден кој бил на чекор до него, во моментот кога се обидува да го фати, се сопнува и паѓа. Во овој дел од затворот има видео-надзор, кој ќе треба да го прегледа управата, но и МВР каде бегството е пријавено.

Истото лице во текот на лицето барало да биде спроведен од затвор на погреб, но тоа не било дозволено, бидејќи управата проценила дека ризикот за бегство е голем. Спроводите во суд се задолжителни, по налог на судија.

Пријава за бегството има и во МВР, потврдија од таму за „Скопје1“. Посочуваат дека активно се трага и се преземаат мерки за негово пронаоѓање.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Во недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради улична трка
Кривична пријава против гостиварец за напад врз сопругата и ќерката
Со картичка и полномошно на починат сопруг подигала пари од негова банкарска сметка
Жител на Боговиње испраќал заканувачки пораки и барал пари преку социјални мрежи
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад