Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Претреси и апсења на територија на СВР Струмица, пронајдена дрога
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
(Видео) Во Драч уапсени двајца припадници на криминалната група „Беланоца“ – акција на македонската полиција, ДСС и Албанија
МВР
Приведени 13 возачи за безобѕирно возење, десетмина без возачка дозвола
МВР
Родители на 54-годишна жена не ѝ дозволувале да излезе од дома, па ги пријавила во полиција
МВР
Младо момче наговорило малолетник да му ја украде картичката на дедото – подигнале 156.000 денари
МВР
Кај поранешната касарна во Битола пронајдени над 1.400 неексплодирани гранати и бомби од Првата светска војна
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Претреси и апсења на територија на СВР Струмица, пронајдена дрога

Претрес.мк
Последни промени 16/10/2024
Претрес.мк
Сподели

Вчера во 17.30 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ги лишиле од слобода К.М.(26) од село Пирава, валандовско, со престој во Гевгелија и И.Џ.(37) од Гевгелија.

При преглед на патничко возило „ауди“ со валандовски регистарски ознаки, во кое биле затекнати двајцата, биле пронајдени кристална материја, најверојатно амфетамин и дигитална вага. Поради сомнение за поврзаност со нив во вршење на кривичните дела, од слобода бил лишен и А.М.(44) од село Тимјаник, неготинско, со престој во Гевгелија.

Подоцна, со наредба на судија од Основен суд Гевгелија, бил извршен претрес во нивните домови, при што во домот на К.М. била пронајдена кафеава прашкаста материја и луле за користење на марихуана, а во домот на И.Џ. била пронајдена марихуана и предмети со остатоци од марихуана.

Истиот ден во 23.30 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово го лишиле од слобода и С.К.(44) од село Удово, валандовско. Во неговиот дом, со судска наредба, бил извршен претрес и биле пронајдени марихуана и предмети со остатоци од марихуана. Лицата биле задржани во полициските станици во Гевгелија и Валандово, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по негово документирање против К.М., И.Џ., А.М. и С.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

(Видео) Во Драч уапсени двајца припадници на криминалната група „Беланоца“ – акција на македонската полиција, ДСС и Албанија
Приведени 13 возачи за безобѕирно возење, десетмина без возачка дозвола
Родители на 54-годишна жена не ѝ дозволувале да излезе од дома, па ги пријавила во полиција
Младо момче наговорило малолетник да му ја украде картичката на дедото – подигнале 156.000 денари
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад