Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Александар беше упорен дека девојчето е убиено, сведочи инспектор од МВР кој трагал по Вања
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Малолетник загина во сообраќајна несреќа
МВР
Судир меѓу автомобил и велосипед: Велосипедистка со тешки повреди
МВР
Млад скопјанец со тешки изгореници по пожар во импровизиран шатор во Карпош
МВР
Ужасен случај во Битола: Ја удирал со боксови по глава, па продолжил да ја удира со трпезариска столица и ја влечел на тераса за да ја фрли
 Предмети
Напад врз докторка, жена и полицајци – серија инциденти каде интервенирала полицијата
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Александар беше упорен дека девојчето е убиено, сведочи инспектор од МВР кој трагал по Вања

Претрес.мк
Последни промени 16/10/2024
Претрес.мк
Сподели

Помошник началник на СВР Скопје денеска сведочеше на судењето за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Тој прв контактирал со родителите на девојчето, кога веќе постоеле индиции дека Вања е киднапирана.

„Од моментот кога имаше пријава за исчезнато девојче бев информиран согласно хиерархијата, каде што тогаш бев надлежен да ги информирам службите. Ме избрифираа дека има таков настан за исчезнато девојче и дека се е преземено во насока за пронаоѓање.

Во текот на денот се вклучи и мојата единица за насилен криминал, се вклучивме директно да помогнеме да се најде исчезнатото девојче. Првото запознавање со родителите беше во ЕБР центар доцна вечерта, со се цел да ни кажат сѐ што има за да се најде девојчето.

Во тој момент се запознавме со родителите мајката беше поприбрана, првиот момент на таткото беше потиштен и конфузен. Во многу изјави имаше чудно однесување според нас, ние што го прашувавме за да ни помогнат во истрагата“, кажа Музафер Каишиќ, помошник началник на СВР Скопје за криминалистички работи.

„По некоја случајност ние разговаравме во полицијата, да ги поделиме работите на тоа инсистираше Александар да ги поделиме работите. Тогаш се понудив лично јас да ги отидеме заедно, јас да разговарам со таткото, а Дејан со мајката. Не се штедевме сите работевме на случајот. Роднина на Зорица дојде со нас да разговараме, таа кажа дека има стан во Капиштец, рече јас немам стан, клучевите се кај Александар.

Со еден колега баравме да одиме, но Александар кој бараше да пребаруваме секаде, рече да не одиме за џабе бидејќи тој веќе бил. Кога се качивме со лифт, Александар отклучи. Полупразен беше. Александар цело време велеше дека си го губиме времето дека ќерка му е киднапирана, убиена, да не си го губиме времето. Немаше ништо во станот, и излеговме. Па ја поминавме територијата на Капиштец сѐ што не асоцираше каде може да се скрие.

По пат цело време велеше џабе одиме џабе ќе бараме ама ајде ќе одиме. Александар не излегуваше од возилото.

Тогаш го праша роднината зошто не излегува да бара со нас, тој рече џабе губиме време да ја бараме, таа е киднапирана, таа е убиена.. цело време велеше ајде да бараме, а кога баравме велеше џабе бараме. Коментарите и на роднината беа зошто човеков не излегува од кола“, кажа тој.

Како што сведочеше помошник началникот на СВР Скопје, Александар не навел конкретна причина зошто мисли така.

„Конретна причина не наведе. Дали има некои долгови, дали е некој функционер да мисли така зошто девојчето би било киднапирано. Ја прашавме мајката зошто така се однесува. Мајката рече дека е специфичен ама ниту она не знаеше зошто така се однесува.

По пребарувањето на Водно се вративме во полициската станица, јас и Александар се качивме горе кај што беа неговата поранешна сопруга и другата ќерка. Не знам колку долго траеше тоа потоа секој си замина накај дома.

Заменик началникот сведочеше дека се слушал со Александар секојдневно по неколку пати и дека му праќал слики и пораки, но бил упорен во тоа дека девојчето е убиено.

„Тој побара средба со мене. Се видовме пред зградата. Дојде уште едно лице кое ми се претстави дека се вика Гоце. Околу 40-тина години. Прв пат кога го видов мислев дека има нешто да ми каже, дека има нешто да ми презентира. Дајте да видиме со некои мафијаши групи некои. Убиена е 100%. Кога прашав кој е човеков пред да го почнам разговорот, тој одговори дека 20 години се немаат видено, биле во станот кај него“, кажа заменик началникот.

На прашањето какви пораки му биле испраќани, тој одговори дека тоа биле снимки и слики.

„Тоа беа снимки, слики од згради, ми ја испрати спроти зградата кај што е киднапирана Вања. Како има камера што гледа директно кон влезот. Тогаш видовме до самиот објект и камерата гледаше точно кон влезот. Јас ќе ви обезбедам број од газдата, рече но не знам како. Ни обезбедија број и лицето дојде ни ги даде камерите. Тој објект виде дека нема струја, синоќа бевме имаше струја, и кога прошетаме видовме дека кабелот е исечен. Ни дадоа сѐ што имаат за да провериме“, додаде при сведочењето.

На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни.

Можеби ќе ти се допадне

Малолетник загина во сообраќајна несреќа

Судир меѓу автомобил и велосипед: Велосипедистка со тешки повреди

Млад скопјанец со тешки изгореници по пожар во импровизиран шатор во Карпош

Напад врз докторка, жена и полицајци – серија инциденти каде интервенирала полицијата

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Малолетник загина во сообраќајна несреќа
Судир меѓу автомобил и велосипед: Велосипедистка со тешки повреди
Млад скопјанец со тешки изгореници по пожар во импровизиран шатор во Карпош
Ужасен случај во Битола: Ја удирал со боксови по глава, па продолжил да ја удира со трпезариска столица и ја влечел на тераса за да ја фрли
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад