Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Полициски службеници пуштиле на слобода затвореник бидејќи немало место во затворот
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
(Видео) Во Драч уапсени двајца припадници на криминалната група „Беланоца“ – акција на македонската полиција, ДСС и Албанија
МВР
Приведени 13 возачи за безобѕирно возење, десетмина без возачка дозвола
МВР
Родители на 54-годишна жена не ѝ дозволувале да излезе од дома, па ги пријавила во полиција
МВР
Младо момче наговорило малолетник да му ја украде картичката на дедото – подигнале 156.000 денари
МВР
Кај поранешната касарна во Битола пронајдени над 1.400 неексплодирани гранати и бомби од Првата светска војна
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Полициски службеници пуштиле на слобода затвореник бидејќи немало место во затворот

Претрес.мк
Последни промени 17/09/2024
Претрес.мк
Сподели

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава за кривично дело ,,неизвршување на судска одлука“ по член 377 од КЗ против Т.Л., И.Д. и Р.Т., полициски службеници од ПС ОН Битола во СВР Битола.

На 02/03.06.2024 прво и второ пријавениот не постапиле по писмена наредба на Основен суд Кичево за спроведување на осудено лице во казнено поправна установа заради извршување на санкција утврдена со правосилна пресуда, заради издржување на казна затвор во времетраење од една година. Имено, откако претходно бил пронајден и лишен од слобода, осудениот А.А. од Кичево, од страна на прво и второ пријавениот бил спроведен до КПУ Затвор Битола, а откако од страна на вработен во затворот осудениот наводно не бил примен поради немање на слободни места во затворската установа, прво и второ пријавениот, без да изготват било каква службена документација, го пуштиле осуденото лице на слобода без одобрение на судот, кој ја издал писмената наредба. Наведеното го извршиле со претходно одобрение на третопријавениот во својство на одговорен, кој не издал наредба осуденото лице да биде доведено и задржано во ПС ОН Битола заради понатамошна постапка спротивно на член 15 од Правилникот за вршење на полициските работи во МВР.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди согласно своите надлежности и овластувања ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полициските службеници Т.Л., И.Д., и Р.Т. и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

(Видео) Во Драч уапсени двајца припадници на криминалната група „Беланоца“ – акција на македонската полиција, ДСС и Албанија
Приведени 13 возачи за безобѕирно возење, десетмина без возачка дозвола
Родители на 54-годишна жена не ѝ дозволувале да излезе од дома, па ги пријавила во полиција
Младо момче наговорило малолетник да му ја украде картичката на дедото – подигнале 156.000 денари
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад