Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Полицајци отишле во Козле оти имало гласна музика, па дошле до дрога: Се карале осомничениот и таткото на девојката, па таа им кажала што чуваат…
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Фатени на дело: Палеле кабли на дива депонија меѓу Кадино и Миладиновци
МВР
Тешки сообраќајки, пожари, починати и повредени лица – МВР билтен
МВР
Не носеле кациги, возеле без дозвола, правеле бучава – МВР за шест часа казни 232 мотоциклисти
МВР
Акциска контрола во ноќни клубови во тетовско и гостиварско, приведени седум странски државјанки поради злоупотреба на туристичкиот престој
МВР
Пуштена за сообраќај е скопската обиколница, сообраќајот кон ГП Блаце пуштен само за патнички возила
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Полицајци отишле во Козле оти имало гласна музика, па дошле до дрога: Се карале осомничениот и таткото на девојката, па таа им кажала што чуваат…

Претрес.мк
Последни промени 10/09/2024
Претрес.мк
Сподели

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 38-годишен тетовец со непријавено престојувалиште во Скопје, кој е осомничен дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори  од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 9 септември, по пријава за нарушен јавен ред и мир, полициски службеници дошле во станот на улицата „Миле Поп Јорданов“ во Скопје, каде осомничениот престојувал со неговата девојка. Констатирале прекршок поради расправија на осомничениот со таткото на девојката, а таа на полицајците им предочила дека осомничениот имал некаков вид недозволени супстанции кои ги чува во нивниот дом. Како непосреден држател на станот таа дала согласност службени лица да влезат во домот и да извршат претрес, при што биле пронајдени 501 таблета од 3,4 метилен-диоксиметамфтамин, стимуланс на централниот нервен систем, спакувана во една поголема најлонска кеса.

До судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје јавниот обвинител достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Притоа, како причина за побараната притворска мерка се наведени околности што укажуваат на опасност од бегство, оправдан страв дека тој ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците и вештаците и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Можеби ќе ти се допадне

Фатени на дело: Палеле кабли на дива депонија меѓу Кадино и Миладиновци

Тешки сообраќајки, пожари, починати и повредени лица – МВР билтен

Не носеле кациги, возеле без дозвола, правеле бучава – МВР за шест часа казни 232 мотоциклисти

Акциска контрола во ноќни клубови во тетовско и гостиварско, приведени седум странски државјанки поради злоупотреба на туристичкиот престој

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Фатени на дело: Палеле кабли на дива депонија меѓу Кадино и Миладиновци
Тешки сообраќајки, пожари, починати и повредени лица – МВР билтен
Не носеле кациги, возеле без дозвола, правеле бучава – МВР за шест часа казни 232 мотоциклисти
Акциска контрола во ноќни клубови во тетовско и гостиварско, приведени седум странски државјанки поради злоупотреба на туристичкиот престој
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад