Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Се прошета и се врати: Гури од ДУИ се предаде на полицијата, откако беше во бегство – ќе треба да биде вратен во притвор
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Кривична против управителка од Крива Паланка: исплатувала 1.000 денари К-15 и објавила матичен број
МВР
Пукање со пиштол, дрога и измама со врати – три кривични во Струга
МВР
Низа инциденти во Скопје: напади, тепачка на Бит Пазар и пожaр во Шуто Оризари
МВР
Тешко повреден 22-годишник во сообраќајка во Ѓорче Петров
МВР
Закани кон мајка и дете за наводен долг од 1.350 евра
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
 Предмети

Се прошета и се врати: Гури од ДУИ се предаде на полицијата, откако беше во бегство – ќе треба да биде вратен во притвор

Претрес.мк
Последни промени 29/08/2024
Претрес.мк
Сподели

Исмет Гури, истакнат активист на ДУИ, за кого се шпекулираше дека преминал кај „огнените“, а по кого беше распишана меѓународна потерница, во текот на денешниот ден самиот се пријавил на полиција и веќе е во затвор, потврдија од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Гури беше во затворскиот притвор, а потоа му беше одреден домашен притвор поради здравствени проблеми. Минатата година беше уапсен заедно со 15 лица меѓу кои и бизнисмени и инспектори од Управата за јавни приходи, под сомнение за слосторничко здружување и даночна измама.

Против Гури беше распишана меѓународна потерница од МВР поради тоа што избега од куќен притвор на почетокот од оваа година. Гури не бил пронајден на адресата на која требало да издржува куќен притвор. Бегството се случило откако Обвинителството по жалба побарало куќниот притвор да му се преиначи во ефективен притвор во Шутка, по што му бил доделен, но кога полицијата отишла да го спроведе, него го немало.

Против Исмет Гури, заедно со Ејуп Алими, се водеше и случајот „Титаник 3“ за уништување изборен материјал, во кој Судот по повтореното судење минатата година им изрече неправосилни затворски казни од по три години и шест месеци.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Кривична против управителка од Крива Паланка: исплатувала 1.000 денари К-15 и објавила матичен број
Пукање со пиштол, дрога и измама со врати – три кривични во Струга
Низа инциденти во Скопје: напади, тепачка на Бит Пазар и пожaр во Шуто Оризари
Тешко повреден 22-годишник во сообраќајка во Ѓорче Петров
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад