На 21.08.2024 во 23.25 часот во Полициската станица Дебар било пријавено дека во близина на браната „Шпиље“ во Дебар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од Е.П.(31) од Дебар и патничко возило „фолксваген голф“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од А.И.(24) од Дебар.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот А.И., а со телесни повреди се здобиле возачот Е.П. и неговата сопатничка Д.Д.(28), констатирани во Општата болница Дебар.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Дебар.