Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: „Сам донел сам изел“: за граѓаните или да му застарат милионските долгови, за кого бие битка Самка Ибраимовски?
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
(ВО ЖИВО) Не добив одговор зошто е убиена Вања-ова се првите зборови на татко и по соопштување на пресудата
Претрес
(ВО ЖИВО) Туфегџиќ: Ѓорчевски е убеден дека Палевски ја убил Вања, тој живее живот по инерција, под терапија
Претрес
(ВО ЖИВО) Камбовски: Криво ми е што по лошо се познати судиите, добар дел сами сносат вина
Претрес
(ВО ЖИВО) Претрес за правосудниот хаос и Судскиот совет, пресудата за таткото на Вања и неодговорените прашања
Претрес
Запленети над два тона сув цвет од канабис од објект на правно лице во Зелениково
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Новости

„Сам донел сам изел“: за граѓаните или да му застарат милионските долгови, за кого бие битка Самка Ибраимовски?

Претрес.мк
Последни промени 16/08/2024
Претрес.мк
Сподели

„Сам донел, сам изел“. Вака вели една народна поговорка која изгледа добро ја слушнал и разбрал, експратеникот Самка Ибраимоски. Тој и натаму бара да се бришат долгови постари од десет години, но не дава одговор дали тоа го прави за себе или за граѓаните, како што тоа го претставува во јавноста.

„Скопје1“ пишуваше за фирмата на Ибраимоски која треба да врати на државата милионска сума, а тој сака да се спаси со законот кој сам го иницираше додека беше пратеник. Сега го прашавме, дали ќе се откаже од застарување на неговиот долг и ќе ѝ врати на Македонија 29 милиони денари кои неосновано ги добил, што е констатирано со ревизија на пресуда и правосилна одлука на Апелација – но тој не одговара.

Ибраимоски е особено активен во делот на застарување на долговите изминатиот период. Тој гласно го критикува тоа што долговите не застаруваат, без разлика дали поминале десет или повеќе години. Но и самиот е должник. „Скопје1“ го праша дали тој има долгови и кон поединци и фирми, кои можат да му застарат со законот чија уставност ја преиспитува Уставниот суд. Ни на ова прашање не добивме одговор. Но истовремено, преку социјалните мрежи бара кривичните пријави против извршителите да се процесуираат во јавното обвинителство.

„Кажавте дека законот мора да се почитува без разлика кој и да е. Вие како поранешен адвокат, сегашен министер за правда, ние како еден од иницијаторите за застарување на долговите во Македонија со мојот тим, имаме една замолница…Законот за облигациони односи не се почитува, извршителите како да се паднати од Марс. Дали може вие да покренете постапка за непочитување на закон, бидејќи неспроведување на одлука се казнува парично или со казна затвор. Ве замолувам да преземете обвинанија…. Година дена не почитуваат закон (извршителите)“, вели Ибраимоски во вклучувањето во живо.

Но експратеникот кој се бори долговите да застаруваат и да не се плаќаат, не кажува ниту збор за тоа дека ниту тој не почитувал судски одлуки донесени врз основа на закон. Па така не ја испочитувал пресудата донесена од Кривичниот суд во 2006 година, која станала правосилна со одлука на Апелација, а во која стои да врати милиони на државата. Доколку ова било испочитувано, неговата фирма немала да биде дадена на извршител, ниту противизвршувањето чиј доверител е Македонија – ќе биде поднесено до извршител.

За потсетување, Ибраимоски беше пратеник во Собранието. Тој, две години откако државата започнува извршување на долг од неговата фирма, го поднесува законот кој и денеска го пропагира.

Ние сакавме да ја чуеме и втората страна, па Ибраимоски во два наврати доби покана и за гостување во поткастот „Претрес со Ландов“, но и прашања од наша страна, кои можеби не му се допаѓаат, па ги игнорира. Останува отворено и прашањето кој е главниот мотив на Ибраимоски толку да инсистира на бришење на долговите. Нејасно е и зошто ако приоритет му е интересот на граѓаните, тој не ги врати неговите долгови, сосе милионите кои ги чека државата.

Повеќе за случајот:

Можеби ќе ти се допадне

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Татко насилник шамара 4-годишно дете: „Ќе те утепам, ќе ти ја искршам главата“

Уапсен бизнисменот Крмзов, кого го поврзуваа со Заеви

По две децении, уапсен командант Бреза во Ченто и спроведен во затворот во Шутка

(Видео) Пак прскалки во затворена просторија, организаторот казнет

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

(ВО ЖИВО) Не добив одговор зошто е убиена Вања-ова се првите зборови на татко и по соопштување на пресудата
(ВО ЖИВО) Туфегџиќ: Ѓорчевски е убеден дека Палевски ја убил Вања, тој живее живот по инерција, под терапија
(ВО ЖИВО) Камбовски: Криво ми е што по лошо се познати судиите, добар дел сами сносат вина
(ВО ЖИВО) Претрес за правосудниот хаос и Судскиот совет, пресудата за таткото на Вања и неодговорените прашања
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад