Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: (Снимки) Што се случувало пред и во ноќниот клуб во Охрид: забавата завршила на полноќ, поради пијанства имало Брза помош, немало тепачки ниту убиства
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
(Видео) МВР, шумската полиција и „Национални шуми“ во акција против кражба на дрва во Арачиново
МВР
Ја киднапирал и ја претепал девојката по матурска прослава: се бара притвор за 40-годишен битолчанец
 Предмети
Приведен 15-годишник на градски стадион, кај него пронајдена пиротехника
МВР
Кривична за беровчанец кој два пати ја бркал жена му од дома
МВР
Запалена свеќа предизвикала пожар во стан во Скопје
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Новости

(Снимки) Што се случувало пред и во ноќниот клуб во Охрид: забавата завршила на полноќ, поради пијанства имало Брза помош, немало тепачки ниту убиства

Претрес.мк
Последни промени 01/08/2024
Претрес.мк
Сподели

Ниту починати, ниту избодени, ниту истепани во охридскиот клуб каде беше српскиот рапер. Ништо од ова не е регистрирано како пријава во охридската полиција, ниту пак, Брзата помош реагирала по пријави за вакви случаи. Забавата траела до полноќ, кога клубот бил испразнет по претходни безбедносни проценки. „Скопје1“ се информираше од повеќе извори за тоа што се случувало вчера во охридскиот клуб каде настапуваше Војаж. Наспроти информациите дека имало хаос, институциите се децидни дека се поминало во мирна атмосфера.

Интервенција на полицијата имало точно на полноќ, но не за тепачки и убиства, туку за да се испразни клубот. Ваква одлука била донесена бидејќи надлежните органи направиле проценка и констатирале дека има преголема посетеност, но и многу малолетници. Затоа, не дозволиле забавата да продолжи до раните утрински часови. Затоа, покрај сцената во клубот, имало полициски службеници.

Брзата помош реагирала само во два случаи. Но не при тепачки пред или во клубот, туку при пијанство на две лица. Истите, биле дехидрирани, па биле повикани доктори за да ги пренесат во охридската болница, што и се случило. Полиција се движела пред возилата за Брза помош, бидејќи пред клубот имало стотици лица кои претходно излегле, но и кои сакале да влезат на забавата.

И МВР, официјално, соопшти дека немало нарушување на јавниот ред и мир. Посочија дека се шекулации и дезинформации објавите во кои се тврди дека имало починати, масовни тепачки, повредени. За ова сведочат и снимките. На ниту една која ја доби „Скопје1“ од различни извори не се гледа тепачка и неред.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

(Видео) МВР, шумската полиција и „Национални шуми“ во акција против кражба на дрва во Арачиново
Ја киднапирал и ја претепал девојката по матурска прослава: се бара притвор за 40-годишен битолчанец
Приведен 15-годишник на градски стадион, кај него пронајдена пиротехника
Кривична за беровчанец кој два пати ја бркал жена му од дома
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад