Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Уште колку бебиња и родилки да умрат, за да се дојде до правда, прашува Ваепоска која остана без органи, а нема одговорност за докторот
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Пријава за сомнителна смрт во кумановско, семејството се сомнева на труење
МВР
Пукање од возило во движење во липковско – приведен 39-годишник
МВР
Пијан татко ја тепал малолетната ќерка
МВР
Уште една измама со лажна операција: жена остана без 300.000 денари
МВР
Државјанин на Естонија силувал 14-годишно дете
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Судски постапки

Уште колку бебиња и родилки да умрат, за да се дојде до правда, прашува Ваепоска која остана без органи, а нема одговорност за докторот

Претрес.мк
Последни промени 27/06/2024
Претрес.мк
Сподели

Одложено денешното рочиште за родилката од Дебар, Јилдиз Веапоска, на која и беа извадени матката, јајникот и бубрегот при царски рез во бооница во Струга.

Судењето е одложено бидејќи во струшкиот суд не стигнало супервештачењето кое го прават вешти лица од високообразобни и високонаучни институции.

„Двајца судии се пензионираа, третиот судија е во тек на мојот случај, но дали ќе го заврши или ќе треба и четврти судија? Тоа ќе биде катастрофа. Толку исчекување правда е многу долг период. И психички и физички и финансиски сум исцрпена. Колку бебиња треба да умрат, колку родилки треба да умрат или да останат како мене половина човек за да се дојде до правдата? Колку години му треба на судот да донесе одлука? Четири години поминаа откако настана мојот случај и уште чекам правда“, вели родилката од Дебар.

По повеќе од две години низ судските лавиринти и тројца судии кои го водеа судскиот процес, Веапоска стравува дека постапката може повторно да се врати на почеток, оти последниот судија, Јордан Јованов од Скопје, е делегиран до 5 септември.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Пријава за сомнителна смрт во кумановско, семејството се сомнева на труење
Пукање од возило во движење во липковско – приведен 39-годишник
Пијан татко ја тепал малолетната ќерка
Уште една измама со лажна операција: жена остана без 300.000 денари
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад