Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: (Видео) Јанкулоска добивала сугестии како да не заврши во затвор, нема зошто да му се извинува на Заев, а тој треба да размисли да и се извини на неа
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Малолетник и 22-годишник затекнати како возат без дозвола, одземени два мопеда
МВР
Работник на „Комуналец“ Гостивар загина при чистење канал кај Горно Јеловце
МВР
Наместо да го врати, наводно го препродал: Тетовец пријавил измама по исчезнувањето на автомобилот
МВР
17-годишник без дозвола изгубил контрола над мопед и паднал на коловозот
МВР
Возач без дозвола приведен во Слатино, одземено возилото
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Претрес

(Видео) Јанкулоска добивала сугестии како да не заврши во затвор, нема зошто да му се извинува на Заев, а тој треба да размисли да и се извини на неа

Претрес.мк
Последни промени 17/06/2024
Претрес.мк
Сподели

Ексминистерката за внатрешни работи и осудена за „Тенк“, Гордана Јанкулоска, во поткастот „Претрес со Ландов“ зборуваше за пораките кои и биле испраќани и советите кои и биле споделувани, за да се спаси од одење во затвор.

„Од самиот почеток јасно ставив до знаење до каде е границата кога сум јас во прашање. Иако кон мене немаше директна понуда структурирана на начин ‘направи го ова, за да добиеш тоа’, сепак, имаше од време на време по некоја добронамерна сугестија, како би можеле некои процеси да течат поинаку, споделени размислувања. Тоа беа најчесто луѓе кои доаѓаа во кругови каде јас се движам, ги познавам. Не се тоа луѓе директно од кругот кој ги водеше постапките, ама некако до нив стигале тие пораки, па тие ќе ги споделеле“, рече Јанкулоска во поткастот „Претрес“.

Прашана, што ја советувале тие „добронамерници“, додаде: „Тоа најчесто беше, абе види тој не го закачаат, овој не го закачаат, ти можеби ако не збориш многу и тебе ќе те остаат на раат. Тоа беше меѓуредови…“.

Јанкулоска кажа дека останала верна на принципите и вредностите.

„За да се извинам на некого, треба да имам причина. Јас немам проблем да се извинам, ако навистина постои причина. Човечки е да згрешиш, да ја препознаеш грешката“, рече Јанкулоска на прашањето дали ако му се извинила на Заев или СДСМ немала да заврши зад решетки.

Прашана, дали Заев треба да и се извини на неа, посочи: „Па мислам дека треба да размисли на таа тема“.

За деталите и одговорите на многу досега непоставени прашања:

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Малолетник и 22-годишник затекнати како возат без дозвола, одземени два мопеда
Работник на „Комуналец“ Гостивар загина при чистење канал кај Горно Јеловце
Наместо да го врати, наводно го препродал: Тетовец пријавил измама по исчезнувањето на автомобилот
17-годишник без дозвола изгубил контрола над мопед и паднал на коловозот
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад