Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Голема полициска акција во Скопје: Уапсени се 28 лица, најдена куп дрога, запалка за бомба, куршум
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Почина повредениот во кој вчера беше пукано во Штип-во бегство е лицето кое пукаше
 Предмети
(Видео) Снимка од пукањето во Штип, но и бркањето на пукачот по автопат
Новости
(Видео) Пукање во Штип, едно лице се бори за живот
Новости
Скопјанец осуден откако коментирал под објави на портал и поттикнал омраза кон ЛБГТ заедницата
 Предмети
(Видео) Адвокатот на Кешишев не очекува доживотен затвор за неговиот клиент
Претрес
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Голема полициска акција во Скопје: Уапсени се 28 лица, најдена куп дрога, запалка за бомба, куршум

Претрес.мк
Последни промени 01/06/2024
Претрес.мк
Сподели

Во рамки на криминалистичка истрага која од декември 2023 се спроведуваше по насоки на надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје, на 31.05/01.06.2024 во голема заедничка акција на Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, САЕ Тигар и СВР Скопје – Единица за недозволена трговија беа преземени низа координирани мерки и активности на подрачјето на Скопје со цел сузбивање на улична продажба на кокаин, амфетамин и марихуана. Притоа, во текот на криминалистичката истрага од слобода се лишени 28 лица.

Во акцијата за сузбивање на улично дилерство на дрога изминатата ноќ лишени се од слобода В.Г.(46), М.В.(22) и С.Б.(21), кај кои бил пронајден кокаин, Д.Т.(24) од Кочани, како и С.В.(28) од Скопје, кај кои при претрес биле пронајдени поголеми суми пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од продажба на наркотична дрога. Покрај ова, извршени се претреси на седум локации во Скопје, при што кај Ѓ.Ш.(41) од Скопје биле пронајдени марихуана, вага и други предмети поврзани со кривичното дело, кај А.П.(29) пронајден е куршум и запалка за бомба, кај Б.П.(34) се пронајдени остатоци од кокаин и други предмети поврзани со кривичното дело. Од слобода се лишени и А.Б.Ј., поради сомнение за уништување докази, како и М.Д.(37) од Скопје, кај кого бил пронајден кокаин. При претрес кај Ф.Д.(41) од Скопје пронајдени се поголема сума пари, марихуана, лични карти и пасоши на повеќе лица оставани како залог за купопродажба на дрога, а при преземени мерки за негово лишување од слобода, тој не застанал на издадена наредба за запирање, при што оштетил три службени возила, извршувајќи и кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“ и за него е издаден распис за негово пронаоѓање и приведување.

Покрај 28-те вкупно приведени лица, во текот на криминалистичката истрага обезбедени се повеќе материјални докази за инволвираност на лицата во улична продажба на кокаин, амфетамин и марихуана, за две лица е веќе поднесена кривична пријава и одредена е мерка притвор, одземен е мотоцикл „хонда“ како и патничко возило „форд мондео“ за кое се обезбедени докази дека било користено за продажба на кокаин. Во текот на денешниот ден од страна на СВР Скопје до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава против 7 лица.

Можеби ќе ти се допадне

61-годишен гостиварец избодел млад возач по кавга ради сообраќај

Полицијата трага по 16-годишно девојче од Скопје, мајката ја пријавила дека не се вратила дома

Скопјанец пронајден мртов во неговиот дом во Бутел

Струмичанец со нож се обидел да избоде полицајци откако го фатиле со нерегистирано возило, а и алкохолизиран

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Почина повредениот во кој вчера беше пукано во Штип-во бегство е лицето кое пукаше
(Видео) Снимка од пукањето во Штип, но и бркањето на пукачот по автопат
(Видео) Пукање во Штип, едно лице се бори за живот
Скопјанец осуден откако коментирал под објави на портал и поттикнал омраза кон ЛБГТ заедницата
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад