Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: (Видео) Иџет Мемети пробал да заштити министер од СДСМ кога бил народен правобранител, сведочи неговиот заменик
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Договорила средба со маж, тој ја нападнал и ѝ одзел два телефона: Венецуелка ограбена во апартман во центарот на Скопје
МВР
Трагедија во Елшани: Вработен во телекомуникациска компанија паднал од бандера и загинал
МВР
Семејна драма во Македонска Каменица: Фрлила нож кон свекорот, тој ја удрил со тврд предмет
МВР
Малолетник со мопед не застанал на полициски знак, при бегството паднал и тешко се повредил
МВР
Татко и син ограбиле и со остар предмет нападнале маж, па ја тепале и неговата сопруга
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Претрес

(Видео) Иџет Мемети пробал да заштити министер од СДСМ кога бил народен правобранител, сведочи неговиот заменик

Претрес.мк
Последни промени 24/05/2024
Претрес.мк
Сподели

Заменик-народниот правобранител, Јован Андоновски во подкастот „Претрес со Ландов“ сподели дека поранешниот народен правобранител а сега осомничен во случајот со земање мито, Иџет Мемети, сакал да заштити министер на СДСМ и вршел влијание врз него. Андоновски кажа дека одбил да постапи спротивно на законот, па Мемети му ги одзел и надлежностите.

„Ние со господинот Мемети имавме бројни недоразбирања. Имаше обид да ми причини и професионална штета“, рече Андоновски.

Според него, односнот на Мемети бил крајно непрофесионално.

„Преку предметното работење констатирав дека еден висок носител на јавна функција работи незаконски. На писмено го констатирав тоа и добив усно укажување да ја променам таквата констатација. За мене црното е црно, белото е бело, не ме интересира кој е од другата страна“, рече Андоновски во подкстот „Претрес“.

Тој кажа дека одбил, па почнала голготата.

„Кога одбив да ја променам содржината на документот, започна голготата. Противправно ми беа одземени надлежностите, за што искористив прилика да ги известам меѓународната заедница, јавноста, па имаше општествен притисок, па реши да ја врати состојбата во првобитна состојба“, додаде Андоновски.

Лицата кои поднеле преставка против министерот на СДСМ, ја добиле битката по судски пат, благодарение и на документот од институцијата Народен правобранител, потпишан од Андоновски.

„Лицата кои беа оштетени, со документот, успеаа да ја докажат својата вистина“, додаде Андоновски.

Иџет Мемети сега е член на Совет на јавни обвинители и доби статус на осомничен во истиот случај со врховниот судија Наке Георгиев кој беше фатен како зема 10.000 евра за вршење на противзаконито влијание за судска постапка поврзана со ексградоначалникот на Ново село, Боро Стојчев познат како Боро „Марлборо“.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Договорила средба со маж, тој ја нападнал и ѝ одзел два телефона: Венецуелка ограбена во апартман во центарот на Скопје
Трагедија во Елшани: Вработен во телекомуникациска компанија паднал од бандера и загинал
Семејна драма во Македонска Каменица: Фрлила нож кон свекорот, тој ја удрил со тврд предмет
Малолетник со мопед не застанал на полициски знак, при бегството паднал и тешко се повредил
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад