Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Боро „Марлборо“ се спогодил за затворската казна, истиот ден кога им ја скрои судбината на судијата и членот на СЈО
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
(Видео) Полицајците не признаа вина: Не го казнувале „Плус“, туку прекршоците ги евидентирале на неактивна фирма
Судски постапки
Малолетници нападнати во училишта во Чаир и Ѓорче Петров
МВР
(Видео) Трагедија на обиколницата Скопје–Тетово: Возач загина по излетување од коловоз
МВР
(Видео) Поради семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство, сопругот на Ивана е во станица, вели Тошковски
 Предмети
Тинејџер тешко повреден по напад од соученик
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Судски постапки

Боро „Марлборо“ се спогодил за затворската казна, истиот ден кога им ја скрои судбината на судијата и членот на СЈО

Претрес.мк
Последни промени 22/05/2024
Претрес.мк
Сподели

Ексградоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев кој во јавноста го доби прекарот Боро Марлборо, се спогоди со Обвинителството за гонење организиран криминал и корпуција за предметот во кој се гони за продажба на дрога, дознава „Скопје1“. Според судски извори, обвинителката предложила Стојчев да биде осуден на 5,3 години затвор, санкција која судијата ја прифатил и му ја изрекол.

Стојчев е лицето чиј син го пријави врховниот судија Наке Георгиев за примање награда за противзаконито влијание, заедно со членот на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети. Георгиев беше затекнат со 10.000 евра во него и уапсен од полицијата. Според информации на „Скопје1“ ова е истиот ден кога Стојчев бил и правосилно осуден.

Со спогодбата која ја направил со обвинителката, Стојчев признал дека продавал марихуана во повеќе наврати, на повеќе места. Со дрогата тргувал заедно со други лица кои се обвинети во предметот.

Затворската казна за која се спогоди Стојчев е речиси и најниската која може да ја добие, согласно Кривичниот законик. Тој се гони за неовластено пуштање во промет на наркотични дроги, дело извршено со мрежа на препродавачи – за кое е предвидена казна од најмалку пет години. Стојчев доби три месеци повеќе од најниската.

Тој издржува притвор во затворот „Скопје“ во Шутка. Екипата на подкастот „Претрес“ влезе таму и вечерва во 21 часот ви носи најнови информации поврзани со неговиот престој, здравствената состојба и нечуени детали.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

(Видео) Полицајците не признаа вина: Не го казнувале „Плус“, туку прекршоците ги евидентирале на неактивна фирма
Малолетници нападнати во училишта во Чаир и Ѓорче Петров
(Видео) Трагедија на обиколницата Скопје–Тетово: Возач загина по излетување од коловоз
(Видео) Поради семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство, сопругот на Ивана е во станица, вели Тошковски
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад