Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Закани за убиство во битолско училиште: татко влегол и туркал наставничка, па тепал дете
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Кривични за две службенички од Струмица: Овозможиле легализација на спорна доградба
МВР
Полицајците ќе можат да носат брада и тетоважи: МВР ги менува правилата
МВР
168 санкции за една вечер во Скопје: Најмногу казни за мотоциклисти без кацига
МВР
Регистрирале клубови, креирале непостоечки натпревари: измама тешка 1,35 милиони денари во Валандово
МВР
Полицијата затекна пет возачи без дозвола во Прилепско и Кривогаштанско, меѓу нив и малолетник
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Судски постапки

Закани за убиство во битолско училиште: татко влегол и туркал наставничка, па тепал дете

Претрес.мк
Последни промени 17/05/2024
Претрес.мк
Сподели

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против две лица – маж и жена кои се осомничени дека во група извршиле грубо насилство врз дете родено 2009 година, со што сториле кривично дело – Насилство согласно член 386 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Двајцата сопружници, на 15 мај, влегле во основно училиште во Битола, при што таткото физички ја оттурнал наставничката и директно нападнал еден од учениците, соученик на нивното дете, заканувајќи му се дека ќе го убие. Го фатил детето за уво, го стапнал на ногата и го тегнел, а за тоа време неговата сопруга ја држела наставничката за да не може да му помогне и да го одбрани ученикот. Со насилството двајцата предизвикале чувство на несигурност и вознемиреност кај другите ученици, кои од страв кога заминале осомничените барале наставничката да ги заклучи во училницата за да не се вратат.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување куќен притвор за осомничениот татко. Предлогот беше прифатен и на осомничениот му е определена притворска мерка.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Кривични за две службенички од Струмица: Овозможиле легализација на спорна доградба
Полицајците ќе можат да носат брада и тетоважи: МВР ги менува правилата
168 санкции за една вечер во Скопје: Најмногу казни за мотоциклисти без кацига
Регистрирале клубови, креирале непостоечки натпревари: измама тешка 1,35 милиони денари во Валандово
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад